Електричната лимузина Mercedes EQS ја предводи флотата од модели што јавноста првпат ги гледа во живо на салонот во Шангај. Подеднакво се важни EQB, еден од ретките СУВ модели со седум седишта, исто како и продолжената изведба на C-Class, освеженото моделско годиште на купе-лимузината CLS и компактниот СУВ-модел EQA, кој првпат се појавува под салонски рефлектори.

Три нови електрични модели со знакот на Mercedes се појавија на штандот на германската марка на авто-салонот во Шангај. Покрај знаменосецот EQS, премиера доживеаја уште EQB и EQA. Продажбата на седумседот EQB во Кина ќе започне во ноември годинава, во топ-варијанта и со пакет AMG Line. Европските купувачи ќе можат да избираат меѓу изведба со пет или седум седипта, погон на сите тркала и различни степени на моќност. Производството на EQB за европскиот и северноамериканскиот пазар ќе започне кон крајот на годината во фабриката на Mercedes во Кечкемет, Унгарија.

Покрај тоа што е најважниот автомобилски пазар за нас, Кина е водечки пазар во светски рамки и во поглед на електромобилноста“, изјави Хубертус Троска, член на управниот одбор на Daimler AG, со одговорност за Кина. „Посебно нé радува тоа што целосно електричниот EQB го претставуваме првпат тука во Кина. Со своите седум седишта, новиот EQB излегува во пресрет на потребите на клиентите што се посебно ориентирани кон семејството. Покрај вистинските продукти, нашиот локален производствен отпечаток е еден од решавачките фактори за нашиот одржлив развој во Кина. Поради тоа многу нé радува тоа што целосно електричниот EQB го произведуваме во Пекинг.“

Светска премиера на новиот Mercedes C-Class во продолжена изведба и на новиот CLS

Под мотото „Произведено во Кина, за Кина“, Mercedes ја претстави и продолжебата изведба на новата C-Class. Покрај повеќе простор за нозе, за дополнителниот луксуз на задната клупа се грижат и комфорни потпирачи за глава, голем потпирач за рака со многу просторна преграда, приклучоци USB и држачи за чаша. Други посебности за кинескиот пазар се комфорното подвозје и дополнителната звучна изолација.

Глобално деби доживеа и новиот CLS. Заострените линии уште повеќе ја нагласуваат динамиката на купето со четири врати. За внатрешноста се нудат дополнителни комбинации од кожа и украсни панели, а се вградуваат и волани од новата генерација. Новина во понудата е дизел со стартер-генератор, односно благ хибрид. Спортскиот врв го претставува серија ограничена на 300 примероци од Mercedes AMG CLS 53 4MATIC+.

https://photos.app.goo.gl/HwkzdN9CgV2xQajx6

https://photos.app.goo.gl/VpsN46MwH5Znf3sVA

https://photos.app.goo.gl/W5KHGwuYhLoByffHA

Mercedes EQS во бројки: 350 сензори, милион пиксели, 600 грами јаглен, 150 фудбалски полиња