Единаесеттата генерација на Honda Civic го продолжува големото име што оваа моделска серија го ужива на македонскиот пазар, посебно во времето на моделот од средината на 2000-те, којшто беше меѓу најпродаваните во класата. Civic во меѓувреме брои 11-та генерација, вози исклучиво како хибрид со два електромотори, стандардно е опремен со осум сонари, а соодветно и цената го оддава премиум карактерот на Civic e:HEV.

Новата генерација на Honda Civic е еден од моделите во компакт класата, за којшто производителот не разгласува дека тоа е најреволуционерниот модел досега. Причината за оваа одмереност им е сосем јасна на познавачите на марката и на автомобилизмот. Нова генерација на Civic секогаша доаѓал со извесна револуција, неважно дали помала или поголема.

Тоа што во погонската техника долго време го двоеше Civic како технолошки напреден автомобил, секако дека беше VTEC, што подоцна еволуираше во i-VTEC. Денешната Honda Civic во погонот се разликува по додавката е:HEV. Тоа се однесува на хибридниот погон, што Honda го изведува на посебен начин. Во основа, e:HEV секогаш му дава предимство на погонскиот електромотор да ги движи тркалата, додека има енергија во литиум-јон батеријата. При посилно забрзување, се вклучува во игра дволитарскиот бензинец, што во тој случај работи како генератор и произведува енергија за електромоторот, што пак директно ги движи тркалата. При возење по автопат, главно работи бензинецот, затоа што во тој случај му е повисока ефикасноста, во споредба со режимот кога тој се користи како генератор.

Самиот мотор е 2,0-литарец со 143 КС и 186 Nm при 4.500 вртежи во минута, со две брегасти вратила, атмосферски и со директно впрскување, со работа во еткинсонов режим. Honda наведува податок дека ефикасноста на дволитарецот од 41% е највисока во својата класа на работна зафатнина. Електромоторот краткотрајно постигнува максимум 184 КС и вртежен момент од 315 њутрнметри.

Ефектот е спринт до темпо сто за 7,8 секунди и крајна брзина ограничена на 180 km/h. Но, ефектот се и 4,7 литри просек што ги наведува фабриката, според WLTP-нормата

Civic во својата 11-та генерација е долг 4,5 метри, а висината од 1,41 метар прави силуетата уште толку да се издолжи. Багажникот располага со 410 литри, односно максимално 1.220 литри. Бројни зафати во конструкцијата придонесуваат тежината да се задржи на околу 1,5 тон, вклучувајќи и алуминиумска хауба, што е за 43% полесна во споредба со челична хауба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Стилот е променет целосно во споредба со претходничката. Формите изгледаат едноставно, меѓутоа вешто изведените рабови и премините меѓу каросериските панели откриваат дека во автомобилот има многу повеќе дизајн и стил, отколку што се чини на прв поглед. Колку што дизајнот изгледа елегантно, толку има и детали што укажуваат на историјата на Honda во мотоспортот и додаваат агресивност. Пример за тоа е грубиот растер во маската, како за тркачка машина.

New item by Automedia MK / Google Photos

Надворешниот стил е само вовед за тоа што пречекува во внатрешноста. Honda Civic располага со еден од најоригиналните кокпити во браншата, а за тоа не се користени радикални и футуристички форми, туку стилистите се повикале на скапите автомобили од 1970-те и на тој изглед му дале нова свежина и нова оригиналност. Ако Honda долго време не успеваше да го повтори „вселенскиот“ Civic од средината на 2000-те, овој Civic успева. Дизајнот на Honda повторно се придружува меѓу главните обележја на марката, Civic навистина изненадува кога ќе се види во живо.

https://photos.app.goo.gl/qJmEMnABkfHki2HeA

Цените се високи – во споредба со големоволуменските марки. Civic е премиум модел во компакт класата, што пред сé е Honda, a понатаму е конкурент на Mercedes A-Class, серијата 1 на BMW, на Audi A3. Секако и хибридниот погон учествува во цената, Јапонциве не вклучуваат во гамата турбо-трицилиндарец што само ќе прикажува друга цена на моделот.

Гамата ја сочинуваат три моделски изведби, различни во опременоста и во стилските додатоци. Прв е Civic 2.0 i-MMD Hybrid во ниво на опрема Elegance, со цена од 39.000 евра. Од опременоста, Civic има „сé“, а на тоа има уште воздушна перница меѓу предните седишта и плус воздушна перница за колена за совозачкото седиште, систем за следење лента, радарски темпомат, самостојно поаѓање и запирање при возење во колона, менување на силата на „моторно“ сопирање директно преку команди на воланот, грејачи во предните седишта, паркинг сензори и задна камера, навигација.

https://photos.app.goo.gl/WVtCoD32dXWoZW6R8

Второто ниво Sport јасно укажува каде води правецот, со спортски педали, технолошки врвна вештачка кожа на седиштата, црно лакирани кароериски додатоци, тркала од 18 инчи и диодни магленки – со цена од 42.000 евра. Врвот му припаѓа на Advance, каде што за цена од 45.000 евра, дополнително доаѓаат уште кожен ентериер и електрика за седиштата, греење на волан, BOSE аудио, приспособливи предни светла, стаклен покрив и хромирани каросериски детали.

Познавањето на работата од страна на тимот на Ауто Трејд, што своевремено направи марката Hyundai да постигнува шампионски удели на македонскиот пазар, пред таа да биде преземена од друг увозник, доведе до тоа „да имаме количина од Honda H-RV, сите ќе ги продадеме“. Тоа е убава вест за фановите на Honda, убава и за Макпетрол, што долгите години со Honda ги продолжува во улога на увозник.

Новата Honda Civic веќе е во салон и веќе се вози