Веднаш и одговорот на прашањето што многумина си го поставија откако го здогледаа главниот новитет на Mercedes на салонот ИАА Мобилност во Минхен. Mercedes EQE ќе стартува со испорака во средината на 2022 година, значи не станува збор за визија или концепт, туку за сериски автомобил. Електричниот пандан на E-Class ќе се произведува во Бремен, а подоцна и во Пекинг, за пазарот во Кина.
За изгледот на Mercedes EQE, што наменски се разликува од „традиционалистичката“ шема и нормално е дека треба да се разликува, затоа што ова е сепак автомобил со чисто електричен погон, од Штутгарт објаснуваат: Mercedes EQE има спортски наменски дизајн со сите препознатливи елементи на Mercedes-EQ, што подрабира One-Bow линија und дизајн Cab-Forward.
EQE е помал од EQS, со разлика од 90 милиметри во меѓуоскиното растојание (3.120 mm). Надворешните димензии се споредливи со CLS. Багажникот од 430 литри се отвора вообичаено. Во внатрешноста, елеткричниот модел располага со повеќе простор од денешната E-Class. Ширината кај рамениците е поголема за 27 милиметри, кабината е 80 mm подолга. Седењето е повисоко за 65 милиметри, заради подобра прегледност, но и заради батериите во подот.
Дизајнот на внатрешноста и опремата го следат примерот од EQS, вклучувајќи ги MBUX Hyperscreen, автоматски предни врати, управувана задна оска, кои се на листата на дополнителна опрема. Во поглед на бучавата и вибрациите, EQE поставува нови мерила во класата.
Mercedes EQE располага со досег до 660 километри
Батеријата има корисен капацитет од околу 90 kWh, а со досегот до 660 километри не мора да се води премногу сметка за најблискиот полнач. При стартот на продажбата ќе бидат понудени EQE 350 со 215 kW (292,4 КС) и втора изведба со високи перформанси и моќност од околу 500 kW, односно 680 КС.
Исто како EQS, комплетно нови функции може да се вчитаат како нов софтвер, преку Over-the-Air (OTA). Меѓу тие функции спаѓаат посебна звучна кулиса „Roaring Pulse“, две специјални програми за возење за млади возачи и за сервисен персонал, мали игри, Highlight-Mode и DIGITAL LIGHT со проектирање на информации врз патот и индивидуално нагодување на DIGITAL LIGHT, на пример со вклучување „дигитален дожд“. Во Highlight-Mode, возилото комуницира со возачот преку прочуениот „Hey Mercedes“ и на возачката или возачот им ги прикажува сите свои функции.
Навигацијата располага со Electric Intelligence и со сложен алгорирам ја пресметува најбрзата и најкомфорна рута, земајќи ги предвид и паузите за полнење на батеријата, доколку тоа е потребно. Таа реагира и на застои и брзо наоѓа обиколен пат.
За пречистувањето на воздухот во кабината служи посебен концепт што се води како ENERGIZING AIR CONTROL Plus. Филтер HEPA (High Efficiency Particulate Air) ги пречистува честичките PM, најситна прашинка, полен и други материи од надворешниот воздух. Слој од активен јаглен ја намалува количината на сулфурен диоксид и азотни оксиди, како и миризбите во внатрешноста. Филтерот што е во дополнителната опрема доби сертификат „OFI CERT“ ZG 250-1 од австрискиот институт OFI, во однос на вируси и бактерии. Секако дека е можно вклучување на климата пред да се седне зад воланот.