Првиот модел со хибриден погон со високи перформанси на Mercedes-AMG располага со електромотор на задната оска и со наменски развиена батерија. Mercedes-AMG GT 63 S E Performance спојува надмоќ и врвна динамика, со примерна штедливост.

Убедлива моќност на првиот хибрид со високи перформанси на AMG. Купето со четири врати GT 63 S E Performance постигнува системска моќност од 843 КС, од комбинацијата од 4,0-литарски битурбо V8 и електромотор. Истиот тон важи и за податокот за вртежниот момент: Максимално 1.400 њутнметри, 1,4 килоњутнметар.

Исто како во формула 1, батеријата брзо испорачува и брзо акумулира енергија. Затоа и не одушевува посебно податокот за досегот од 12 километри, тоа е посебно конструирана батерија за овој автомобил. Светот ќе дознава за новиот модел и за новата техника во AMG преку амбасадорот на марката, will.i.am. Прочуениот музичар и повеќекратен добитник на Греми е главен лик во кампањата „Everything but quiet“. Вил Ај Ем учестуваше во концептот и секако дека посвети песна на новиот модел на AMG.

Mercedes-AMG отсекогаш се одликувал со врвна моќност и максимална возна динамика. Поради тоа, при развојот на нашата хибридна стратегија E PERFORMANCE ни беше јасно уште од почетокот дека за AMG ќе примениме посебен концепт, што ќе ги соединува основните врености на нашата марка со висока ефикасност
Јохен Херман, технички директор на Mercedes-AMG GmbH

Комбинацијата од бензински мотор напред и електрична погонска единица назад нуди бројни предности. Оптимална распределба на тежината, најдобро можно искористување на вртежниот момент и директно ослободување на моќноста се гаранција за највисоко ниво на возна динамика. Во комбинацијата влегува и самостојно развиена батерија со високи перформанси, што при иста големина акумулира двојно повеќе енергија од обичните батерии. Бројни компоненти се инспирирани од технологијат во формула 1.

New item by Automedia MK / Google Photos

Впечатлив е предниот браник што го следи стилот на купето AMG GT. Формата на страничните отвори за воздух повеќе е закосена кон средината на возилото, а воздушната струја се насочува кон поткрилата преку три исправени ламели. Знак на препознавање од назад е браникот со поклопец за приклучок за струја и буквата S на црвена подлога во моделската ознака.

Хибридниот GT 63 S се разликува и по двоојните издувни цевки во форма на трапез со ребра од внатрешната страна. На предните крила јасно се забележува ознаката „E PERFORMANCE“. За каросеријата може дополнително да се избира меѓу седум нови бои од специјалната понуда.

New item by Automedia MK / Google Photos

Како нов знаменосец во моделската серија, AMG GT 63 S E PERFORMANCE располага со посебно богата опременост. Тој стандардно доаѓа со подвозје AMG Ride Control+ што беше преработени при неодамнешното моделско освежување на гамата, но има и AMG керамички сопирачки и мултимедиски систем MBUX со посебни информации за хибридниот погон.

Сосем јасно е дека „E Performance“ е вози како најсилно сериско возило од понудата на марката од Афалтербах досега. Спринтот до темпо сто трае само 2,9 секунди, следната стотка „паѓа“ за помалку од десет секунди. Крајната брзина изнесува 316 km/h.

Електромоторот со моќност од 204 КС е поставен на задната оска и претставува составен дел од истата, заедно со електрично управуван двостепен менувач и електронски контролирана блокада на диференцијалот. Во стручниот речник, оваа конфигурација се нарекува P3-Hybrid. Лесната батерија исто така е поставена назад, над задната оска. Електричен активатор го вклучува вториот степен најдоцна при брзина од 140 km/h, односно кога електромоторот ќе постигне околу 13.500 вртежи во минута.

Електромоторот од 204 КС е поставен на задната оска и претставува составен дел од истата, заедно со електрично управуван двостепен менувач и електронски контролирана блокада на диференцијалот. Во стручниот речник, оваа конфигурација се нарекува P3-Hybrid. Лесната батерија исто така е поставена назад, над задната оска. Електричен активатор го вклучува вториот степен најдоцна при брзина од 140 km/h, односно кога електромоторот ќе постигне околу 13.500 вртежи во минута.

Батеријата е конструирана врз основа на искуствата во Формула 1

Литиум-јон батеријата во најголем дел ја користи техниката од болидите на Mercedes-AMG Petronas F1. Нејзиниот капацитет изнесува 6,1 kWh, трајната моќност достигнува 70 kW, а максимално може да испораќа 150 kW во времетраење до десет секунди. Со 89 килограми, таа е двојно полесна од батерија без директно ладење со обична конструкција. Клучната техника на батеријата е директното ладење, со 14 литри хај-тек течност што циркулира покрај сите 560 ќелии.

Самиот бензинец исто така користи хибридна, односно работи како благ хибрид, со стартер-генератор со моќност од 14 КС, што е веќе стандардна техника во повеќето нови модели на Mercedes. Покрај стартување на моторот, стартер-генераторот се грижи и за напојување на помошните агрегати, како клима-уредот или светлата, кога возилото чека на семафор или е ниска наполнетоста на високоволтната батерија.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes-AMG GT4 во август доаѓа во салон во освежената верзија