Многу лесно е да се пронајде местото на Toyota Yaris Cross во една од најжестоките пазарни битки на сцената. Според јапонската марка, тој претставува спој меѓу искуството стекнато од сите генераци на RAV во изминатите 25 години и од искуството од бестселерот во градската класа Yaris. Значи, тоа е автомобил со кредибилитет.

Новиот СУВ-модел што го проширува семејството модели со техниката од Toyota Yaris, ги наследува клучните квалитети од стандардниот Yaris со пет врати – од победничкиот Yaris и носител на титула на автомобил на годината во Европа. Тоа се хибриед погон од 4-та генерација, највисоко ниво на безбедност, уживање во возењето и впечатлив „Big-Small“-дизајн, што се однесува на просторноста и практичноста на кабината.

Од Toyota не пропуштаат да напоменат дека не постои производител со поголема понуда од СУВ модели со хибриден погон од нивната: C-HR, RAV4, Highlander, а сега и Yaris Cross.

Кога започнавме со планирањата за новиот Yaris Cross, ги зедовме предвид класичните предности на СУВ и врз основа на тоа оценувавме со што ќе се одликува следната генерација возила во B-сегментот. Резултатот е автомобил, со којшто сопствениците ја нагласуваат својата индивидуалност и го искажуваат својот единствен, активен стил на живеење

Хидеаки Хајаши, главен дизајнер на Yaris Cross

Инженерите се раководеа според мотото „Секогаш во движење“, што претходно Тојота Авто Центар го прикажа на вратите на првиот демо-примерок од Yaris во Македонија. Мотото означува лесен, брз и паметен автомобил, што од една страна е совршен за секојдневието. Од друга страна, тој донесува и доза авантуристички дух во автомобилското секојдневие. Тоа се некои од клучните состојки за успех на СУВ-моделите.

Техниката на Yaris Cross доаѓа од платформата GA-B. Тоа што во поглед на погонската технхика посебно го издвојува СУВ-моделот од класичниот Yaris е интелигентниот погон на сите тркала AWD-i.

New item by Automedia MK / Google Photos

Производството е во истата фабрика со Yaris, во Валенсјан, Франција, каде што се вложени 400 милиони евра за паралелно производство на двата модели. Целта на Toyota е до 2025 година да ја зголеми продажбата на 1,5 милион нови автомобили во Европа. Од Yaris се очекува да даде голем удел во достигнувањето на таа цел.

Toyota цели главно на клиенти што од поголем СУВ од компактниот сегмент преоѓаат на модел од градскиот сегмент, како и на клиенти што бараат алтернатива за стандарден компакт, што ќе одговара според нивниот животен стил.

Дизајнот е дело на европскиот центар ED2 во јужна Франција. Моделот на Toyota се издвојува од конкуренцијата со робусниот и минималистички стил. Yaris Cross изгледа впечатливо и темпераментно, така сакаат европските возачки и возачи во автомобил од оваа класа. Сето тоа може да се нагласи дополнително со тркала со пречник до 18 инчи.

Предниот дел го сочинуваат два трапези, поставени еден врз друг, што е обележје на сите СУВ-модели на Toyota. Дневните светла се долу во браникот, поставени вертикално, а вообичаено за марката, магленките се одвај забележливи во самиот долен раб на браникот. Повисоките нивоа на опрема стандардно доаѓаат со диодни светла. Задниот поклопец е впечатливо широк, заради нагласување на практичноста на моделот. Крилата се моќно испакнати, а на тоа се надоврзуваат и лаковите во С-форма долу во браникот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во споредба со комбилимузината, Yaris Cross е повисок за 95 mm (1.565 mm), поширок за 20 mm (1.765 mm) и подолг за 240 mm (4.180 mm). Меѓуоскиното растојание е исто. Секако дека во поглед на теренската проодност значат многу 25-те милиметри екстра простор под возилото, односно вкупно 170 милиметри. Кругот на вртење меѓу тротоари изнесува 10,6 метри. Тоа е одлична вредност и укажува на лесното маневрирање низ град.

За каросеријата може да се избира меѓу 10 бои, вклучувајќи бои со металик или бисерен ефект, но и комбинации со покрив во црна, златна или бела боја. Последново вообичаено е привилегија за топ-нивоата.

Внатрешноста целосно соодветствува со комбилимузинскиот Yaris. Разлики има во предните кровни столбови, во праговите и во средишната конзола. Cross исто така се разликува и по материјалите во вратите и по потпирачите за рака во нив. Преку повисоката средишна конзола се нагласува СУВ-карактерот. Командите за избор на режимот на возење или за погонот на сите тркала се веднаш пред рачката на менувачот или бирачот за возење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Заедно со просторот под подот, багажникот располага со зафатнина од вкупно 397 литри. Со соборена клупа, зафатнината се зголемува на 1.097 литри. Плус за практичноста е задната клупа што во топ-нивоата е триделна (40:20:40, наспроти 60:40 кај останатите изведби). Уште една одлика е подот на багажникот, што исто така е поделен во сооднос 60:40, како клупата. Тоа е дел од системот Toyota Smart Cargo, кој е стандард кај врвните нивоа на опрема. Опција е електрично задвижуван заден поклопец, со сензор за автоматско отворање кога ќе се замавне со стопало под браникот.

Во хибридниот погон е клучен новиот мотор со три цилиндри и зафатнина од 1,5 литар. Во поглед на конструкцијата, тоа е истиот мотор со 2.0 од Corolla и C-HR, но е „скусен“ за еден цилиндар. Еткинсон, висока компресија 14:1, ефикасност 40%, тоа се познати одлики на моторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моторот постигнува максимална моќност од 92 КС при 5.500 вртежи, а вртежен момент од 120 Nm се испорачува меѓу 3.600 и 4.800 вртежи. Вклучувајќи го електромоторот, системската моќност на хибридниот погон изнесува 116 КС. Во реални услови, потрошувачката би требало да се движи меѓу 4,4 и пет литри. Тоа се најдобри вредности во сегментот.

Електромоторот со системски напон од 580 V испорачува 80 КС и 141 Nm. Батеријата е литиум-јонска, располага со двојно повисок капацитет од никел-метал-хидридната батерија во претходната генерација на хибридниот погон (моментно 4-та) и при забрзување може да обезбеди моќност зголемена до 50 проценти. Со 27 килограми, таа е значително полесна. Електромоторот може сам да го движи возилото на кусо растојание при брзина до 130 km/h.

Во поглед на возните својства и комфорот, Yaris Cross ги наследува квалитетите од стандардниот Yaris. Платформата обезбедува ниско тежиште и одличен баланс меѓу двете оски. Дополнителните дотерувања кај СУВ-моделот придонесуваат за намалување на страничното наведнување на каросеријата во брзи свијоци. Одлика на платформата претставува и значително намалената тежина.

Toyota Yaris Cross е единствен СУВ со хибридна погонска спрега и интелигентен погон на сите тркала AWD-i во класата

Посебност на Cross му дава вториот електромотор што се наоѓа на задната оска. Нормално, тој обезбедува зголемена тракција и поголема стабилност при поаѓање на лизгава подлога, односно генерално нуди поголема безбедност во возењето. Распределбата на погонската сила меѓу двете оски се врши автоматски, од целосно преден погон до нагласок на задната оска (40:60%, на пример при поаѓање на мраз и при искачување по терен). Системот е лесен и компактен, неговото влијание врз потрошувачката на гориво е минимално.

Исто како RAV4, новиот СУВ на Toyota располага со повеќе режими на возење: Normal, Trail и Snow. На дисплејот се прикажува и моментната распределба на моќноста меѓу двете оски. Во потешки услови на терен, може да биде од голема корист програмата Trail. Во случај кога едно или повеќе тркала немаат доволно контакт со подлогата, системот AWD-i ги сопира тркалата што проилзгуваат и ја распределува силата на тркалата што имаат подобар контакт. Во режим за снег, педалата реагира помеко.

New item by Automedia MK / Google Photos

Задната оска се разликува меѓу моделите со преден и со погон на сите тркала. Кај првиве работи класична торзиска оска, додека верзиите со AWD-i добиваат триаголни водилки. Таа верзија е посебно развиена за Yaris Cross, за да се ослободи место за електромоторот и да се постиогнат максимален комфор, стабилност и контрола.

Исто како што Yaris се издвојува со изобилството од системи за асистенција, така и Yaris Cross во тој поглед се издвојува во својот сегмент. Стандард е електронска паркирна сопирачка, а кај верзиите со AWD-i следи и помош при стрмно спуштање.

Имиња на нивоата на опрема за македонскиот пазар ќе ги знаеме кога Тојота Авто Центар ќе започне со продажба на моделот. Во Европа генерално се нудат шест нивоа на опрема за Yaris Cross, вклучувајќи и ексклузивно Premiere Edition.

New item by Automedia MK / Google Photos

По основното следи нивото Comfort, коешто меѓу другото содржи алу-тркала од 16 инчи со 10 краци, диодни магленки, сензор за дожд, греење на ретровизорите, електрика на сите прозорци, автоматски клима уред, електронска паркирна сопирачка, камера за наназад, мултимедија Toyota Touch со дисплеј од 8 инчи, DAB, четиори звучници и поврзување телефон преку Apple CarPlay или Android Auto. На тоа се надоврзуваат уште цела низа системи за асистенција.

Во третото ниво на опрема дополнително следат двобојни алу-тркала од 17 инчи со пет двојни краци, диодни дневни, предни и задни светла, пристап и старт без клуч, 6 звучници и дисплеј за патен компјутер од 7 инчи во таблата со инструменти.

Во највисоките нивоа на опременост Elegant и Adventure се става нагласок на различен карактер. Едниот е трендсетер за урбаниот живот, вториот е придружник за луѓе што и слободното време го минуваат во патување и имаат активен животен стил. Во двете варијанти се вградуваат дизајнерски елементи во сјајна црна боја и хромирани додатоци во маската, затемнети задни стакла и автоматско собирање на ретровизорите. Во овие нивоа на опрема следат уште грејачи во предните седишта, двозонска автоматска клима и самозатемнувачки внатрешен ретровизор. Возачкото седиште има местење во слабинскиот дел, а просторот за нозе, облогите на вратите и средишната конзола се осветлени во сина боја. Задната клупа е поделена 40:20:40, багажникот има двоен под.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Разликата кај варијантата Elegant е во двобојните тркала од 18 инчи со 15 краци и во внатрешноста Urban со облоги што се повеќе издржливи на валкање и оптоварување. Во ова ниво спаѓаат предупредување при возило во мртов агол, активна помош при сопирање и самостојно паркирање со камера во 360 степени, како и елеткрично отровање на заден поклопец со кик-сензор.

Adventure има темносиви тркала од 18 инчи, багажник на покривот и запштита за подвозјето напред и назад. Внатрешноста исто така се разликува во облогите. Задниот поклопец има иста фуинкцоиналност како нивото Elegant.

За почетокот на продажбата во Европа ќе биде достапно и ексклузивно ниво Premier Edition, како надградба на нивото Adventure. Тоа се одликува со двобојна каросерија, тркала од 18 инчи со поебен дизајн, црни кожени седишта и проекциски дисплеј. Од листата на опции може да се избира премиоум аудиосистем JBL или сончев покрив.

Toyota Yaris Cross воведува нов мултимедиски систем

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот мултимедиски систем на Toyota се одликува со посилна процесорска моќ и побрзса реакција, лесно раквуање и нови функции. Toyota Smart Connect доаѓа со дисплеј од 9 инчи со висока резолуција и со вградена СИМ-карта за постојано поврзување на мрежата. Меѓу првитре модели, Cross постигнува безжична врска со телефон преку Android Auto и Apple CarPlay. Има и функција за далечинско вклучлување на светлата, за полесно да се најде возилото на паркинг.

Засега ги имаме цените за германскиот пазар, каде што Yaris Cross ќе се нуди единствено со хибриден погон, во варијанта со преден или со погон на сите тркала.

Toyota Yaris Cross · Цени во Германија (почеток на продажба на 18-ти септември)

New item by Automedia MK / Google Photos

1.5 Hybrid 2WD Base · 22.690 €

1.5 Hybrid 2WD Comfort · 22.690 €

1.5 Hybrid 2WD Comfort Plus · 26.390 €

1.5 Hybrid 2WD Elegant · 29.990 €

1.5 Hybrid 2WD Adventure (BiTone) · 30.750 €

1.5 Hybrid 2WD Elegant (BiTone) · 30.990 €

1.5 Hybrid 4WD Comfort Plus · 29.060 €

1.5 Hybrid 4WD Adventure · 32.420 €

1.5 Hybrid 4WD Adventure (BiTone) · 33.420 €

1.5 Hybrid 4WD Elegant (BiTone) · 33.660 €

1.5 Hybrid 4WD Premier Edition (BiTone) · 34.390 €

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ · TOYOTA YARIS CROSS

ПОГОН

ХИБРИД

ТИП

1,5 ЛИТАР DYNAMIC FORCE,
3 ЦИЛИНДРИ ВО ЛИНИЈА

МЕХАНИЗАМ НА ВЕНТИЛИ

DOHC 4-ВЕНТИЛИ
ВШМУКУВАЊЕ: VVT-iE
ИЗДУВ: VVT-i

НАПОЈУВАЊЕ СО ГОРИВО

ЕЛЕКТРОННСКО ВПРСКУВАЊЕ ГОРИВО

ЗАФАТНИНА (cm3)

1.490

ПРЕЧНИК x ОД (mm)

80,5 x 97,6

КОМПРЕСИЈА (:1)

14,0

МОЌНОСТ (КС / kW при /min)

92 / 68 bei 5.500

ВРТЕЖЕН МОМЕНТ (Nm при /min)

БЕНЗИНСКИ МОТОР

120 bei 3.600 – 4.800

ХИБРИДЕН СИСТЕМ

ХИБРИД

БАТЕРИЈА НА ХИБРИД

ЛИТИУМ-ЈОН

БРОЈ НА ЌЕЛИИ

48

НОМИНАЛЕН НАПОН (V)

177,6

КАПАЦИТЕТ НА БАТЕРИЈА (Ah)

4,3

ПРЕДЕН МОТОР

СИНХРОНЕН МОТОР СО ПОСТОЈАНА ПОБУДА

НОМИНАЛЕН НАПОН (V)

580

МОЌНОСТG (КС / kW)

80 / 59

ВРТЕЖЕН МОМЕНТ (Nm)

141

ЗАДЕН МОТОР

ИНДУКЦИСКИ МОТОР

МОЌНОСТ (КС / kW)

5,3 / 3,9

ВРТЕЖЕН МОМЕНТ (Nm)

52

СИСТЕМСКА МОЌНОСТ (КС / kW)

116 / 85

ПРЕНОСЕН МЕХАНИЗАМ

ХИБРИД

ТИП

E-CVT

ПРЕНОСЕН ОДНОС НАПРЕД (:1)

3,218

ПРЕНОСЕН ОДНОС НАЗАД (:1)

10,487 (4WD)

ПЕРФОРМАНСИ

HYBRID (FF / 4WD)

НАЈВИСОКА БРЗИНА (km/h)

170

ЗАБРЗУВАЊЕ 0-100 km/h (sec)

11,2 / 11,8

ОТПОР НА ВОЗДУХ

0,35 / 0,36

ПОТРОШУВАЧКА (l/100 km)

HYBRID (FF / 4WD)

ПРОСЕК СПОРЕД WLTP

4,4 – 5,0 / 4,7 – 5,1

РЕЗЕРВОАР (l)

36

CO2ЕМИСИЈА (g/km)

HYBRID (FF / 4WD)

ИЗДУВНА НОРМНА

EURO 6 AP

ПРОСЕК СПОРЕД WLTP

100 – 114 / 106 – 116

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите