Наспроти изведбата на Sportage што ќе се продава во Азија, САД и останатите пазари ширум светот, европскиот модел ќе има покомпактни димензии и според концепцијата ќе биде поблиску до моделот од четвртата генерација.

Европскиот огранок на Kia ги објави првите цртежи од комплетно новата генерација на Sportage за европскиот пазар. Првпат во историјата, Kia лансира посебно дизајниран Sportage од петтата генерација за европскиот пазар. Со овој посебен третман, корејскиот производител уште повеќе го зајакнува пазарниот настап на бестселерот во својата СУВ-понуда.

Со петтото колено на моделот што е дизајниран и развиен за Европа, Kia цели да постави нови мерила во својот сегмент, почитувајќи го вкусот на европските купувачи и земајќи ги предвид европските патишта. Покрај стилската авангарда во надворешниот и внатрешниот изглед, Sportage се одликува и со напредни можности за поврзување, со моќни и ефикасни погонски единици, како и со напредни системи за асистенција. Обемни тестирања на прототипите при развојот на моделот се извршени по европските патишта, со цел да се погодат очекувањата и барањата на европските возачи.

https://photos.app.goo.gl/WB8HbcaFSorcmjy47

https://photos.app.goo.gl/pLj6EgqTrF4ZgFRM9

Новиот дизајнерски говор на Kia, што се води под „Opposites United“, односно спротивностите се привлекуваат, го сочинува јадрото на европскиот Sportage и присутен е во секое подрачје од дизајнот. Водечка идеја на моќниот дизајнерски тим на Kia е да се нагласат совршенството и едноставноста на природната средина, и истите да се поврзат со новиот дизајнерски правец на марката.

Цртежите од новиот Kia Sportage прикажуваат спортски, впечатлив и во бројни детали пионерски СУВ

Во споредба со глобалната верзија, европскиот Sportage има покомпактна силуета и оддава авантуристички стил, нагласувајќи ги динамичните возни својства и моќните перформанси, а тоа се квалитети што се ценат на патиштата во Европа. Инженерите на Kia го конструираа Sportage да биде најдинамичен и најстилски СУВ во својот сегмент. Во формата на каросеријата има и мускули, но има и префинети детали, што му дава карактер на автомобилот.

https://photos.app.goo.gl/4dF5kvg2HQovi5gj7

Цртежите откриваат впечатлив дизајн на носот, со црна маска што доминира по целата ширина на каросеријата. Во тој поглед, Sportage ги следи знаменосецот Sorento и лимузината K5 (Optima), но настапува уште похрабро. Во дизајнот се препознава ново толкување на шемата на „тигарски нос“, со радикално дизајнирани дневни светла во форма на бумеранг. Во предните светла работи диодна матрична технологија на осветлување, што ја објаснува нивната компактна форма.

Првпат во гамата на Sportagе ќе може да се нарача и вцрн покрив, за на тој начин уште повеќе да се нагласи спортскиот профил, но и динамичниот дизајн на задните кровни столбови. „Чоколадна“ страна на Sportage е опашот, со моќно заоблени крила како кај гран туризмо купе и со впечатливо техно-стилизирани светла со многу комплексна форма и содржина. Секако дека Sportage ќе ја има честа да го носи новото лого на Kia, како еден од првите модели на марката, заедно со електричниот EV6. Во стилот на гран-туризмо заокружува и високиот и стилизиран дифузор во долниот дел од браникот

Кокпитот на новиот Sportage ја следи шемата на знаменосецот Sorento, со хоризонтална ориентација заради нагласување на ширината, но и со широк дисплеј. Спојот на природни и техно материјали е одлика и во внатрешниот дизајн на новите модели на Kia

Први септември ќе го означи почетокот и за новата генерација на Kia Sportage. Досегашниот и многу веројатно иден бестселер ќе доживее дигитална премиера во 11 часот на 1-ви септември, на профилите на Kia на социјалните мрежи. Продажбата почнува уште во текот на годинава, а секако дека Киа Македонија ја планира и домашната премиера на Sportage да се одржи во исто време со премиерата на главните европски пазари. Тоа е привилегијата кога македонскиот увозник работи директно и без посредство, под Франкфурт, каде што е европскиот центар на марката.

https://photos.app.goo.gl/eDWrGoytZQNJ9ZNt6

https://photos.app.goo.gl/s1NtgdxfYhTeR241A

https://photos.app.goo.gl/Uxy4wMAchiun5Ajc6

https://photos.app.goo.gl/iw4sPovXH4aGHQxq9

https://photos.app.goo.gl/y3F4UugoAXXheb9i9

https://photos.app.goo.gl/TdVx7bMBq24tLFbK6

Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium