Претходната генерација на Citan предизвика извесно негодување, затоа што возилото изгледаше исто со Kangoo на проект-партнерот Renault. Eдинствено беше додадена ѕвездата на Mercedes-Benz. Партнерството продолжува и кај новиот модел, но сега постои разлика во изгледот. Секако дека има зафати и во техниката. Наскоро следи и чисто електрична изведба.

Исто како претходникот, новиот Mercedes-Benz Citan ќе биде достапен во две изведби, едната товарен фургон, другата Tourer, односно патничка изведба. Двете странични лизгачки врати ослободуваат широк простор, а ниските прегови го олеснуваат товарењето, односно пристапот во кабината.

Покрај висока функционалност и приспособливост, Citan се одликува со богата безбедносна опрема и висок комфор во возење. Нарачките почнуваат во средината на септември. Ценовникот во Германија ќе стартува од 23.800 евра, односно без ДДВ, основниот модел ќе чини под 20.000 евра.

Citan е последен проект на товарно возило за деловни корисници на Mercedes-Benz Vans со мотори со внатрешно согорување. Сите идни нови моделски генерации ќе се нудат единствено со електричен погон. Логичен чекор кон ова доследно електрифицирање е новиот eCitan

Маркус Брајтшверт, директор на Mercedes-Benz Vans

https://photos.app.goo.gl/WtPzdUuKYVQC2dfV6

За новиот Citan коментира и главниот дизајнер Горден Вагенер, кој секако дека раководеше и со целото креирање на изгледот на моделот од товарната програма на концеrнот. Тој цени дека новиот Citan „уште од прв поглед се препознава како член на семејството на Mercedes-Benz. Чистите форми и моќните површини ја посредуваат нашата филозофија на сетилна чистота“. За формата на арматурната табла, дизајнерите се инспирирале од профил на авионско крило.

https://photos.app.goo.gl/vmGEbKmU1aCtqZA27

Citan најрационално ја искористува каросеријата долга 4.498 милиметри. Во почетокот е достапни само товарна фургон изведба и патничка изведба Tourer. Подоцна ќе се придружи варијанта со долго меѓуоскино растојание и продолжена изведба Mixto. Стандарната верзија со меѓуоскино растојание од 2,716 метри нуди значително повеќе простор од претходникот. Товарниот простор кај фургонот е долг 3,05 метри (со флексибилен преграден ѕид).

Страничните врати отвораат простор за товарење или пристап широк 615 mm и висок 1.059 mm. Товарниот праг назад е висок 59 сантиметри. Задната врата е поделена асиметрично, со поширока лева половина, што се отвора прва. Tourer стандардно располага со класичен едноделен поклопец назад, а по желба се нуди дводелна задна врата.

https://photos.app.goo.gl/Y5ofDSx9qq8RTA5Q6

Mercedes-Benz при развојот на Citan стави посебен нагласок на возниот комфор, што е одлика на марката, исто како и на акустичниот комфор и на комфорното седење. Важно е возачот да биде релаксиран во возачкото секојневие, за да може да се концентрира на возењето. За таа цел, во Citan се вградува дел од опремата што е својствена за патничките автомобили, како автоматска клима, пристап и старт без клуч или електрична паркирна сопирачка.

Понудата од мотори ја сочинуваат два бензинци и три дизели. Заедничко обележје за сите мотори е одличната возливост при ниски вртежи, како и штедливоста. Верзијата на дизелот со 115 КС, што е достапна за фургонот, за поубедливо забрзување располага со Overpower/Overtorque-функција. Притоа, моторот кусо време постигнува моќност до 121 КС и вртежен момент до 295 Nm. Посилните мотори може да се комбинираат со 7-степен менувач со двојна спојка.

Електричната изведба еCitan стартува во втората половина од 2022 година

Верзијата со целосно електричен погон на Citan ќе им се придружи на двата електрични модели eVito и eSprinter. Досегот изнесува колу 285 километри во реални услови. При користење брз полнач, батеријата ќе се полни од 10 до 80% за само 40 минути. Димензиите на товарниот простор се исти како кај изведбите со обичен погон. Mercedes-Benz ќе нуди и влечна кука за електричниот eCitan.

Назад работи торзиска оска, којашто дополнително располага со надолжни водилки заради попрецизно водење. Пружините и амортизерите се одвоени. Тоа се зафати што се направени со цел да се постигнат задоволнителни возни својства и комфор, соодетни на марката. Патничката изведба Tourer има различни аморизери и пружини од товарната изведба, исто како и зајакнат преден стабилизатор, заради помало наведнување во свијоци.

https://photos.app.goo.gl/CV1mtXiEhFHurjE29

Секако дека и Citan располага со најнапредните системи за асистенција на концернот. Радарски и ултразвучни сензори, како и камери, помагаат системите за асистенција да си ја вршат својата функција за подобрување на комфорот и безбедноста. Во арсеналот се вбројува систем за задржување во лента со активен зафат во управувањето, систем за компензирање на страничен ветер, препознавање замор, предупредување за возило во мртов агол или камера за знаци. Може да се нарача и приспособлив темпомат, како и активен систем за задржување во лента.

https://photos.app.goo.gl/NwYi2GtyefQCV8ab7

Од долгата листа на допчолнителна опрема може да се избере и прочуениот мултимедиски и команден систем MBUX, што се активира со говорната команда „Еј, Мерцедес“. Во тој случај во средишната конзола се вградува дисплеј од 7 инчи.

Посебност на опционалниот систем за навигација е користењето адреси што се состојат од три зборови, односно тоа е познатиот систем what3word (w3w). Тоа е наједноставниот начин на задавање на одредиштето. Целата планета е поделена на квадрати големи три на три метри, со единствена адреса што се состои од три зборови. На деловните корисници, на пример на службите за достава, ваквиот начин на работа на навигацијата им е од особена корист.

https://photos.app.goo.gl/BiiJKQjEmowFWCdy5

https://photos.app.goo.gl/N2wgfknztFX4N58h8

https://photos.app.goo.gl/BpFF2kH4Wftuhfx19

https://photos.app.goo.gl/tLZskuLabspFiPre8

https://photos.app.goo.gl/k5swzAim1aKtbFQ27

https://photos.app.goo.gl/TiHHr3hna57cMA1n6

https://photos.app.goo.gl/rGrD2mGk1JzM78iV8

https://photos.app.goo.gl/Fsy9gKae7hLeDiET6

https://photos.app.goo.gl/FkuP753UAGKmTwRr7

https://photos.app.goo.gl/XdzUrtaF9QyrbhSZ9