Екстра стил и технологија за најголемиот СУВ-модел на Opel. Достапни се целосно дигитален кокпит, ноќно гледање и електромотор што обезбедува погон на сите тркала. Секако дека и во Grandland се нудат варијанти со хибриден погон, со техниката од братскиот Peugeot 3008.

Инголштат го најавува новото моделско годиште на Opel Grandland како спортски елегантен, лесен за ракување и опремен со свежа технологија. Комплетно ново доживување на возачкото место обезбедува дигиталниот кокпит Pure Panel. Произведен во Германија, Grandland добива технологија и системи за асистенција што обично се својствени за моделите од повисоките сегменти.

Меѓу посебните технолошки обележја се вбројуваат приспособливите светла IntelliLux LED Pixel Licht, со вкупно 168 светлечки диоди. Оваа технологија што е позната од знаменосецот Insignia, сега првпат се нуди во најголемиот СУВ во понудата на марката. Истото важи и за системот за ноќно гледање, Night Vision. Инфрацрвена камера во мрак препознава пешак или животно на патот на растојание до 100 метри и системот го предупредува возачот. Grandland прв ја воведува оваа технологија во Opel. Моделското освежување му донесе на големиот брат на Crossland и Mokka комбинација од систем за предупредување при опасност од судир и приспособлив темпомат.

Новото моделско годиште на Grandland е лесно препознатливо со новото лице на германската марка, со Opel Vizor

New item by Automedia MK / Google Photos

Покрај познатите бензински и дизел мотори од понудата на Opel, Grandland е достапен и во варијанти со приклучен хибриден погон. Едната варијанта вози класично со погон напред, додека втората варијанта има електромотор и на задната оска, нормално реализирајќи на тој начин погон на сите тркала. Производството ќе стартува кон крајот на есента во фабриката во Ајзенах, во германската покраина Тирингија.

New item by Automedia MK / Google Photos

Уште во основната моделска изведба, Grandland поседува самостојно запирање при опасност од судир, систем за задржување во лента со активен зафат во управувањето, камера за знаци, препознавање замор, како и темпомат. Основниот модел поседува и дигитални инструменти од 7 инчи, заедно со дисплеј со истата големина во средишната конзола. Поврзување со телефон преку Apple CarPlay или Android Auto е стандард. Опција се дигитални инструменти од 12 инчи и средишен дисплеј од 10 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Понудата од погонски единици ја сочинуваат 1.2 Turbo со 130 КС, во комбинација со мануелен или 8-степен автоматски менувач и 1.5 Diesel, исто така со 130 КС, кој се испорачува само со автоматик. Бензинецот со мануелен менувач спринтува до темпо сто за 10,1 секунди и постигнува 188 km/h, а просечната потрошувачка според WLTP-нормата се движи меѓу 5,9 и 7,1 литри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Основната изведба со приклучен хибриден погон, Grandland Hybrid, користи 1,6-литарец со 180 КС, во комбинација со електромотор од 110 КС, осумстепен автоматик и батерија од 13,2 kWh. Досегот на батерија се движи меѓу 53 и 64 километри (WLTP). Спринтот до темпо сто трае 8,9 секунди, крајната брзина е 225 km/h. При користење полнач од 22 kW (тоа е моќноста на полначите на ЕВН во Македонија), батеријата се полни целосно за два часа, додека на обичен приклучок се потрбни 7:30 часа. Втората варијанта, Grandland Hybrid4, располага со електромотор и на задната оска, со моќност од 113 КС. Бензинецот тука испорачува 200 КС. Системската моќност изнесува точно 300 КС. Импресивен е спринтот до темпо сто за 6,1 секунди.

Наскоро увозникот Еуроимпекс ќе ги објави македонските цени за Grandland. Ценовникот претходно стартуваше од 23.525 евра за Grandland X 1.2 Turbo со 130 КС и мануелен менувач, во ниво на опрема Enjoy. Дизелот од два литри си заминува од понудата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line