Countach е автомобилот што веројатно висел на најмногу ѕидови низ историјата. Постер од радикалниот болид висок само 1,07 метар беше речиси стандарден декор во детските соби. По повод 50-годишнината од моделот, Lamborghini понуди серија од 112 примероци од новото издание на легендарниот автомобил.

Lamborghini премиерно го прикажа новиот Countach за време на Автомобилската недела во Пебл Бич. Автомобилот ја носи ознаката LPI 800-4 и претставува дел од серијата „Few Off“. Специјалниот модел што ќе се произведе во ограничена серија користи хибриден погон и претставува верен омаж на оригиналниот модел, што јавноста го виде првпат пред 50 години.

Излезен од цртачката маса на Марчело Гандини, прочуен дизајнер на Bertone, Lamborghini ја одржа премиерата на Countach на салонот во Женева во 1971 година. Првично не беше планирано сериско производство, но поради бурната реакција на публиката од автомобилот што и денес изгледа футуристички, Феручио Ламборгини побара да се изработи прототип од моделот што ќе биде во возна состојба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Само една година подоцна стартуваше сериското производство на Countach. Испораката сепак стартуваше дури во 1974 година, затоа што Lamborghini во тоа време имаше уште еден важен модел за старт со производство, Urraco. Малкумина можеа да предвидат дека автомобилот ќе прерасне во легенда и ќе остане во понудата на марката од Сант Агата дури до 1990 година. Тоа е подолго од кој било друг модел на Lamborghini.

Автомобилов е нашиот Gamechanger. Тој е првиот суперспортист со хибриден погон, визионерски автомобил од денешницата, исто како неговиот претходник.

Штефан Винкелман, шеф на Lamborghini

Секако дека изгледот е подеднакво важен колку што е погонот на Countach LPI 800-4. Главниот дизајнер во Centro Stile, Митја Боркерт, објаснува дека „првиот Countach го создаде генетскиот код на Lamborghini како ниту еден друг модел“. Посебниот предизвик при дизајнирањето на новиот модел беше во тоа што се бараше модел што нема да биде обичен ретро-модел. Целта повеќе беше да се направи верна претстава, како би изгледал Countach во 2021 година. Резултатот е навистина спектакуларен.

Исто како секој друг модел на Lamborghini, каросеријата се одликува со остри линии. Во споредба со Aventador, предниот дел е изведен поедноставно. Во малата маска одвај забележливо е поставен натпис. Исто и хаубата има чист дизајн. Еден многу важен детал од оригиналот, сепак не можеше да се проимени во новото издание. Тоа се преклопливите светла на Countach. Денешните норми не дозволуваат хомологација на автомобил со таков вид светла. Поради тоа, тимот на Митја Боркерт се реши да го имитира изгледот на оригиналниот Countach со спуштени преклопливи светла. LPI 800-4 има посебно тесни светла.

New item by Automedia MK / Google Photos

Формата на легендарниот автомобил се препознава и во станичната силуета на новиот Countach. Големите отвори за воздух зад вратите, познати како Naca-Ducts, солидно навлегуваат во вратите, исто како кај пра-моделот. Бројни ситни детали потсеќаат на најраните примероци од Countach LP500. Не е пропуштен и „перископот“ во покривот. Со притискање копче, проѕирниот покрив ги блокира погледите внатре.

Одушевуваат и шестаголните изрези на арките на крилата, како и легендарните тркала во стил на „телефонски бројчаник“. Тркалата кај новиот модел се неспоредливо поголеми, тука се работи за 20, односно 21 инчи. Основата доаѓа од Aventador, конструкција што потекнува од 2011 година. Lamborghini не го наведува тој податок, но под карбонската школка се наоѓа монококот од Aventador. Секако дека вратите се отвораат нагоре. Countach беше прв модел на марката со бикот што се појави со такви врати. Оттогаш, сите модели на Lamborghini со мотор V12 поседуваат врати што се отвораат нагоре, тие се заштитен знак на топ-моделите од Сант Агата.

Во внатрешноста исто така се среќаваат детали во стилот на Countach од пред половина век

Во кокпитот пречекуваат дигитални инструменти и најдобрата мултимедија со којашто располага Audi. На Италијанците им останува да се позанимаваат со програмирањето и да направат возачот да се чувствува како во авионски кокпит. Во внатрешноста исто така се внимавало на детали од историскиот модел. Отворите за воздух се составени од два дела со мошне комплексна форма, што се изработени со 3D-печат. Шестаголната форма потсеќа на оригиналот. Арматурната табла целосно е преземена од Aventador, а дисплеите потекнуваат од Sian.

New item by Automedia MK / Google Photos

Lamborghini Countach го заслужи култот и со техниката, не само со дизајнот. За разлика од претходникот, Miura, моторот V12 во Countach беше вграден надолжно. Оттаму потекнува и ознаката LP (Longitudinale Posteriore). Првиот Countach располагаше со 3,9-литарски V12 со 375 КС. Во најсилните верзии што се појавија во моделската серија, во LP5000S QV и 25th Anniversary, работната зафатнина на моторот порасна на 5,2 литри, а соодветно и моќноста достигна 455 КС.

Новиот Countach е неспоредливо посилен. Докажаниот 6,5-литарски V12 постигнува 780 КС, исто каво во новиот специјален модел Aventador Ultimae. Атмосферецот добива поддршка од 48-волтен електромотор, кој директно е поврзан со седумстепениот менувач ISR и испорачува 34 КС. Погонот е познат од Sian FKP 37, модел лимитиран на 63 примероци, со таа разлика што неговиот V12 постигнува 785 КС.

New item by Automedia MK / Google Photos

За перформансите многу повеќе решава соодносот меѓу тежината и моќноста. Каросеријата на болидот долг 4,87 метри и висок само 1,14 метар, изработена е целосно од карбон, така што се постигнува исклучително ниска тежина од 1.595 килограми. Тоа дава сооднос од 1,95 килограм за секоја една коњска сила на LPI 800-4. Спринтот до темпо сто трае 2,8 секунди, до 200 km/h минуваат само 8,6 секунди, крајната брзина изнесува 355 km/h.

Во понудата од бои исто така се почитува оригиналот. Новиот Countach е достапен во боите Impact White, Giallo Countach или Verde Medio. Кому не му се допаѓа овој избор, може да се реши за која било боја од актуеланата палета на марката.

Серијата е ограничена на 112 примероци поради кодот LP112 што го носеше оригиналниот модел при развојот. Испораките ќе стартуваа во првиот квартал в година. Цената изнесува 2.010.000 евра, што е петпати повеќе отколку што Италијанците бараат за Aventador Ultimae, што исто така претставува модел од лимитирана серија. Цената нема улога тука, повеќето примероци од LPI 800-4 се распродадени уште пред моделот да ја доживее својата премиера.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos