На Автомобилската недела во Монтереј, Pagani Automobili ќе слави 10 години откако го претстави моделот Huayra. На еден од најпрестижните собири во браншата ќе бидат прикажани највпечатливите моделски изведби во историјата на италијанскиот хиперавтомобил. Главен настап ќе имаат новата верзија Pacchetto Tempesta, како и примерок од 40-те Huayra Roadster BC.

Откако ланското издание на Автомобилската недела во Монтереј беше откажано поиради пандемијата, овој важен престижен настан во Калифорнија се врати годинава и се одржува од 5-ти до 15-ти август. Станува збор за традиција долга над 70 години. На зелените ридови на „Quail Lodge & Golf Club“, на 13-ти август ќе бидат прикажани избрани моделски изведби на Pagani Huayra, кој меѓу другото беше прв автомобил на италијанската мануфактура што стана достапен на глобалниот пазар, вклучувајќи ги САД.

Новата верзија Pacchetto Tempesta е најверодостоен пример за практиката на Pagani секој примерок од своите автомобили да го изработи различно, според барањата на клиентите. Со овој пакет се овозможува Huayra BC да претрпи најразлични преправки, со цел да се нагласи вистинскиот тркачки карактер на автомобилот. Дел од тие преправки се предниот сплитер и посебно изведените канали за воздух, заради усовршување на аеродинамичноста. Секако дека пакетот го заокружува нов заден спојлер, со средишна перка, заедно со издувен систем со шест цевки. Pacchetto Tempesta содржи и ново дотерување на подвозјето, за подобар комфор, бројни стилски посебности и нов режим на возење именуван „Soft Driving“.

Моќноста на Pagani Huayra Pacchetto Tempesta е зголемена за 8% и изнесува 827 КС, додека вртежниот момент достигнува 1.100 њутнметри

New item by Automedia MK / Google Photos

Посетителите на престижниот настан во Калифорнија ќе имаат и ексклузивна можност да ги разгледаат деталите на Huayra R, при светската премиера на оваа специјална верзија на италијанскиот хиперавтомобил. Ентузијастите ќе го видат одблизу комплетно новиот атмосферски мотор V12-R, како и 6-степениот секвенцијален менувач развиен во соработка со HWA и ултралесен монокок Carbo-Triax HP62.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Pagani Huayra R по цена од 2,6 мио. EUR, во 30 парчиња