Првиот СУВ со купе-каросерија што е конструиран врз платформата со електричен погон MEB на Volkswagen ќе доживее светско деби на салонот за мобилност IAA во Минхен во почетокот на следниот месец. Volkswagen ID.5 GTX уште ќе носи камуфлажа кога ќе се појави на штандот.

Volkswagen на 7-ми септември ќе го прикаже ID.5 GTX, како прв купе-СУВ со електричен погон врз платформата MEB. Елегантниот дизајн на моделот оди заедно со моќен погон, со по еден електромотор за секоја оска. ID.5 GTX се одликува и со целоснa поврзаност со мрежата, а автомобилот ќе го добива новиот софтвер ќе го добива исто како што тоа се одвива кај паметните телефони, Over-the-Air. Важно подрачје кај електричниот автомобил претставува и технологијата Car2X со којашто располага ID.5.

Главното обележје на високиот нос се диодните матрични светла IQ.Light, што создаваат интелигентно регулирано долго светло и воедно прават предниот дел да изгледа симпатично. Предните столбови се силно закосени и елегантно преоѓаат во линијата на покривот, којашто речиси во еден лак продолжува до задниот спојлер. Покривот во еден лак им е омилен на дизајнерите на Volkswagen, тоа сепак е стилски цитат што потсеќа на Бубата.

Хоризонтални линии му даваат дополнителна визуелна ширина на опашот, а посебно се забележува светлечката лента. Задните светла во 3D-дизајн му даваат премиум карактер на автомобилот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Кратенката GTX се користи за новата генерација спортски модели на Volkswagen. Тоа што GTI е кај класичните модели, GTX е кај електричните модели од семејството ID. Секоја оска располага со по еден електромотор, со што се постигнуваат моќни перформанси, сигурна тракција и спортски возни својства. Со едно полнење, ID.5 GTX ќе минува до 497 километри.

Испораката ќе стартува в година. Тоа е веќе втор модел со значката GTX во електричната понуда на Volkswagen и истиот претставува значаен поттик за стратегијата Accelerate. Марката од Волфсбург цели да прерасне во најценета марка за одржлива мобилност. До 2030 година, електричните автомобили треба да учествуваат со 70% во продажбата во Европа. До 2050 година се планира целосна неутралност во поглед на климата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија