(ПР-соопштение, Аутомобиле СК) Fiat 500 Dolcevita во сериска опрема вклучува богата опрема која се однесува на технологија, безбедност и стил. Однатре, новата контролна табла е во боја на каросеријата, додека однадвор се додадени хромирани детали на кваките, на предниот браник и на задната врата кои уште повеќе го истакнуваат сјајот на изгледот Dolcevita. Во серија се и 15” тркала од лесна легура, стаклен покрив (кај верзијата хечбек), а каросеријата, на барање, е двобојна бело-сива Gelato/Lunare, надополнета со беџ Dolcevita.

Fiat 500 Dolcevita не е само модел со стил, туку и голема елеганција. Во серија е екранот на допир Uconnect™ 7” HD со „таблет ефект” со екран HD кој поседува широк избор на функции, систем за гласовни команди, технологија Bluetooth®, гласовно препознавање и mirroring со компатибилните Apple CarPlay и Android Auto™.

Fiat 500 Dolcevita e дел од комплетно подновената гама 500 која ја сочинуваат нивоата на опременост Cult, Connect, Dolcevita и Sport. Новата гама се карактеризира со нови нивоа на опременост, нови бои, нови ентериери и нова стратегија на гамата што ја прави подостапна и полесна за избирање и одговара на специфичните потреби за мобилност на секој клиент одделно.

Новата гама Fiat 500 започнува со верзијата „ Cult“, наменета за поп-светот, типичен за 500, за оние што бараат стил и единственост. Продолжува со нивото на опременост „ Connect“, за оние кои се во потрага по лесно поврзување, ова ниво е најдобриот начин да се биде секогаш поврзан со својот свет, со стил. Нивото на опременост „ Dolcevita“ е посветено на љубителите на гламурозен начин на живот. Понудата ја комплетира нивото на опременост „Sport“ идеално за млада и динамична популација, која истовремено е и независна.

На домашниот пазар новата гама Fiat 500 доаѓа во понуда со бензинскиот мотор 1.2 69 КС Euro 6D и хибридениот мотор mild-hybrid 1.0 70 КС Euro 6D , кој ги намалува емисиите, ги соборува потрошувачките и подарува супериорно чувство на возење.