Новиот Mercedes-Benz Citan целосно е развиен од ново од професионалци за професионалци. Така директорот на Mercedes-Benz Vans го најавува новиот Citan. Генот на марката ќе се чувствува во дизајнот, возните својства, во безбедноста и во онлајн-услугите.

Врвната безбедност е клучен квалитет на секој автомобил што го носи знакот на Mercedes-Benz. Новиот Citan, во тој поглед ќе располага со цврста каросериска структура, со седум воздушни перници како стандард и со најсовремени системи за асистенција.

Радари, сензори за ултразвук и камери што работат во останатите модели на Mercedes, ќе се вградуваат и во Citan. Сите тие ќе гарантираат правилна и навремена работа на системите за асистенција при возењето, а ќе помагаат и при паркирањето. Систем за активно следење лента со зафати во управувањето ќе биде дел од Mercedes Citan, исто како што е во S-Class и во C-Class.

Mercedes Concept EQT

Стандардната опрема, покрај законски задолжителните ABS и ESP, вклучува уште асистент при страничен ветар, систем за предупредување при замор, како и итен повик во случај на незгода. Во патничката изведба Citan Tourer, опремата е побогата со систем за самостојно запирање при опасност од судир, предупредување при возило во мртов агол и брзинско ограничување. Останатите системи ќе бидат достапни како опција.

MBUX со фамозната команда „Хеј Мерцедес“ ќе се нуди во повеќе нивоа

Моќни процесори, софтвер што учи, дисплеи со висока резолуција и брилијантна графика ќе направат возачкото искуство во Citan да биде исто како во лимузините и големите ванови на марката. Центар за ракување со повеќето функции на возилото секако дека е средишниот дисплеј, во случајов со пречник од 7 инчи.

Лесното доставно возило и неговата патничка варијанта повторно се развива заедно со партнерот Renault. Разликите во изгледот и во конструкцијата ќе бидат поголеми во споредба со претходната генерација. Премиерата е на 25-ти август. Истовремено ќе биде претставена и верзијата со електричен погон. Нарачките ќе стартуваат во средината на септември.

Mercedes T-Class ќе биде семејна изведба на новиот Citan
Mercedes T-Class ќе биде семејна изведба на новиот Citan