Вкупно 340.000 примероци се продадоа од тековната генерација на Citroen C3 Aircross, откако стартуваше нејзината продажба во 2017 година. Аргументите на СУВ-изведбата со техника од C3 се видливи јасно: Компактни димензии, приспособлива кабина, и како врв, багажник од 520 литри.

По четири години од дебито, Citroen C3 Aircross мина низ актуелниот третман на француските дизајнери и се збогува со просечниот изглед што двоеше од останатите модели во гамата на марката. Промените во предниот дел не може да се превидат. Тука се направени храбри дизајнерски зафати, меѓутоа сето тоа е изведено со стил.

Понудата на Аутонова за македонскиот пазар стартува од 16.190 евра, вклучувајќи го промотивниот попуст од 1.000 евра. Интересен податок што увозникот го наведува во својот официјален ценовник е во полето „Најдобра понуда“. Таа се однесува на моделската изведба C3 Aircross со второто ниво на опрема Feel Pack и со бензински мотор од 1,2 литар со 110 КС. Цената на оваа моделска изведба што се издвојкува како најдобра понуда изнесува 17.190 евра, исто така вклучувајќи промотивен попуст од 1.000 евра. Има и дизел во понудата, најдостапната изведба е BlueHDI со 120 КС и промотивна цена од 17.880 евра во основното ниво на опрема Feel.

https://photos.app.goo.gl/S9artQPTVFu4iKpx9

Заострените контури и хромираната маска го приближуваат изгледот на C3 Aircross до останатите модели на Citroen. Во споредба со нив, компактниот СУВ дури на втор поглед се распознаваше како модел на француската марка. Промените вклучуваат и заштита на подвозјето напред, четири нови дизајни на трклата, три нови бои за каросеријата и можност да се стави сопствен печат на задните прозорци, со рамка во контрастна боја.

Зафати има и во внатрешноста. Новата облога на седиштата има дебелина од 1,5 сантиметар и термички е неутрална, а дополнително придонесува и седењето да биде покомфорно. Збогатена е функционалноста на седишната конзола и има повеќе простор за одлагање. Зависно од основната боја на каросеријата, за покривот може да се избере да биде во бела или црна боја, за што се доплаќа 450 евра.

https://photos.app.goo.gl/YvL1w8peznZnzYRw7

Интересна е опцијата за каросериските детали да бидат во бела, портокалова или сина боја. Со доплата од 235 евра, во контрастна боја се лакирани куќиштата на ретровизорите, кровните носачи, задните стакла и рамките на предните светла, а дополнително и задните стакла се екстра затемнети.

Средишниот дисплеј е нов и има пречник од девет инчи. Опцијата за проекциски дисплеј во боја чини 540 евра, а исто може да се избере и контрола на тракција со посебни програми за работа во теренски услови (опција 360 евра). Како добра вест може да се гледа тоа што инструментите и натаму се аналогни.

https://photos.app.goo.gl/HuQFptk7YDRUX5Z36

Во погонската техника нема промени. Понудата се состои од два бензинци од 1,2 литар, со моќност од 110 и 130 КС. Посилната верзија се испорачува исклучуво со шестстепен автоматски менувач. Слично важи за дизелот, со 110 КС во основната варијанта со мануелен менувач и 120 КС во варијантата со 6-степен автоматик.

Вредностите на потрошувачката на гориво уредно се наведени според реалната норма WLTP. Бензинецот според фабриката троши во просек 5,0 литри гориво, кај дизелот се 4,1 литри на сто километри.

https://photos.app.goo.gl/72WBiEdR82ti3Z2t7