Mercedes SL и под знакот на AMG ќе нуди спој на исклучителни перформанси со врвен комфор, како што бара целната група за овој единствен модел на сцената. Луксузот се чувствува преку благородни материјали, грижлива изработка и внимание до последен детал.

Посебноста на кокпитот на новата генерација на Mercedes SL, кој отсега ќе се води под спортската марка Mercedes-AMG, лежи во можноста за дотерување на големиот дисплеј во средишната конзола. Новиот модел има комплетно сменети пропорции, согласно конфигурацијата на седишта 2+2. Секако дека свој удел во доживувањето во новиот SL има и инфо-забавниот систем MBUX, со неколку различни стилови на приказ.

Наследството доаѓа директно од 300 SL Roadster, еден од најголемите автомобилски икони во историјата. Неговиот минималистички и квалитетен ентериер ги инспирираше дизајнерите за внатрешноста на новиот Mercedes-AMG SL. За новото издание на моделот тие создадоа спој од аналогна геометрија и дигитален свет, нарекувајќи го спојот „хипераналоген“. Пример за тоа се целосно дигиталните инструменти, што се поставени во тридимензионален визир.

Кокпитот во Mercedes SL од 1950-те и во новиот SL

https://photos.app.goo.gl/kAkX3oXNwirQRQp99

https://photos.app.goo.gl/TmdxhZFPqX312kuX7

Внатрешноста на новиот Mercedes-AMG SL им удоволува на возачот и на патниците со најпрефинет луксуз. Новиот SL во својата внатрешност соединува највисок комфор и квалитет, во пар со вистинска спортка доза. Квалитетно изведената комбинација од аналоген свет со најсовремена дигитална опрема укажува јасно: Новиот SL е повторно раѓање на една икона во новото време“, цени Филип Шимер, генерален директор на Mercedes-AMG GmbH.

Mercedes првпат по Mercedes SL од генерацијата R 129 од 1989 година воведува конфигурација на седишта 2+2. Тоа дава поголема применливост на автомобилот во секојдневието. SL во исто време го заменува и местото на купе и кабриолет изведбата од S-Class, кои Штутгарт реши да не ги нуди како варијанти во гамата на новата генерација на знаменосецот. Назад има место за патници високи до 1,50 метар.

SL е иконата на нашата марка: Овој родстер веќе со децении ги застапува фасцинацијата и страста на автомобилите. Тоа е голема шанса и предизвик за дизајнот, затоа што секој дизајнер сака да создаде икони. Резултатот е револуционерно доживување во внатрешноста, во средина што балансира меѓу дигитален и аналоген луксуиз. Го создадовме најиконскиот SL досега, лукеузната икона на 20-те години

Горден Вагенер, главен дизајнер на Daimler Group

Може да се избира меѓу спортски и перформанс-седишта, согласно желбата на купувачот да му даде повеќе луксузен или повеќе спортски нагласок на својот автомобил. На располагање ќе стојат и најразлични облоги, напа-кожа во една или две бои, исто како и посебно изработена напа-кожа со штепови во форма на ромб или спортска комбинација од напа-кожа со микрофибер и штепови во жолта или црвена боја.

Арматурната табла е инспирирана од аеронаутиката

Симетричната арматурна табла е дизајнирана како скулптурирано крило и има посебна структура во долниот дел. Главен белег се четирите отвори во воздух во форма на турбина, со галванизиран финиш. Дигиталните инструменти имаат пречник од 12,3 инчи и поставени се во визир со висока технологија, којашто спречува рефлексии од сончевите зраци.

Поместлив дисплеј во средишната конзола

Средишната конзола е доминантна во просторот меѓу возачот и совозачот. Таа го пополнува просторот максимално и поставена е многу закосено. Функционален и оптички центар на конзолата е масивната метална рамка што ја спојува арматурната табла со делот од конзолата меѓу седиштата. Гените од AMG GT и од GT со 4 врати се препознаваат во стилскиот елемент NacaAir-Intake.

https://photos.app.goo.gl/sGpzwFeCZVn3ZW3j7

Средишниот дисплеј има пречник од 11,9 инчи и може со електричен погон да се постави во исправена положба, за да нема рефлексии од сонцето. Дисплејот личи како да лебди меѓу двата отвори за воздух со изглед на турбина, како дигитален контраст на емотивните елементи во дизајнот.

Во различното чувство во кокпитот учествува и формата на облогите на вратите, којашто елегантно и мазно се втопува во формата на арматурната табла. Дури и штеповите од таблата преоѓаат речиси без прекин во облогите на вратите. Вниманието го привлекува формата на рачката за повлекување на вратата, во ист стил и од истите материјали како средишната конзола. По примерот на S-Class и C-Class, големи промени има и во формата на самите седишта, како и во изработката на деталите.

https://photos.app.goo.gl/57j2e3x9FpzNkmLm9

https://photos.app.goo.gl/i1xvTGzYcDEgegQ98

https://photos.app.goo.gl/QBP6FUhNMrBJmx618

https://photos.app.goo.gl/cTLFWVi2Ysws9fr96

https://photos.app.goo.gl/9cw82yMyrQstBYxZ9