Новото лого на Kia наскоро ќе го гледаме често по улиците. Еден од клучните модели на Kia, компактот Ceed, доживеа рутинско моделско освежување, од коешто не се очекува да даде нов поттик во продажбата, затоа што и досега со овој модел сé врви одлично. Коректно освежување што ги нагласува најсилните страни на Ceed, и на неговите специјалисти ProCeed и Ceed SW. Посебно ќе биде претставена освежената изведба на кросоверот XCeed.

  • Новата гама на Kia Ceed добива надградба на дизајнот, технологијата и моторите
  • Новото семејство Kia Ceed, во својата трета генерација е наменето главно за пазарот во Европа
  • Новиот Ceed ќе донесе зголемена видливост на новото лого
  • Гамата на Ceed нуди единствена, сеопфатна, иновативна постава со електрифицирани мотори и нови технологии
  • Комплетениот редизајн на надворешноста му даваат на автомобилот спортски и динамичен изглед
  • Полесен за возење од кога и да е благодарение на најновите моќни Smartstream технологии, благи и plug-in хибридни опции

Ceed во својата трета генерација доби смели и современи подобрувања за 2021 година, вклучително и динамични и атлетски акценти на дизајнот. Три од вкупно четири верзии добиваат целосно редизајниран преден дел, со повеќе спортски елементи и освежени бои на каросеријата, а како одговор на трендовите во индустријата, гамата ќе биде достапна и со нови погонски единици и менувачи.

Kia е еден од производителите што нуди сеопфатен предлог во C-сегментот на пазарот, а трајното присуство на Ceed ја крена репутацијата на брендот. Неговата улога е клучна во настапот на корејската марка во Европа, бидејќи тоа е моделот што прв беше дизајниран и изграден во Европа со цел да ги привлече европските вкусови. Сега придонесувајќи со 28% од европскиот удел на Kia, палетата Ceed останува силен конкурент во сите сегменти и самоуверено стои покрај многуте најпродавани брендови кои доминираат во овој сегмент со децении.

Смел и современ дизајн: Подмладената надворешност создава чувство на виталност

Однадвор, новиот изглед создава современ и динамичен став. Во комплетно редизајнираниот преден дел се појавува новото лого на Kia, со што се рефлектира новото мото „Движење што инспирира“.

Иконската маска на „тигров нос“, што го прави Ceed препознатлив, е надградена и отсега доаѓа во сјајна црна боја со хромирана лајсна. Кај моделите со plug-in технологија, истата е затворена и има впечатлива завршница во контрастни бои. На страните, до израз доаѓаат новите отвори за воздух кои сега продолжуваат до крајот на браникот, со што му даваат поспортски изглед на автомобилот. На задната страна, за да се потенцира едноставноста на новото лого, површината помеѓу LED светлата е измазнета за да го прими новиот елегантен амблем. Со мали промени е и дифузерот во долниот дел од браникот кој исто така има сатенски хромиран завршеток кој се протега околу целиот автомобилот.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Редизајнот на Ceed во отсега има и нови целосни LED светлосни групи со цел да се зголеми безбедноста на патот. Во предните светла се вметнати три модули во форма на стрели кои служат за дневни светла, а истите, дејствуваат и како трепкачи. Голема новина се задните светла кај GT-Line и GT изведбите. Тие добиваат нов дизајн кој комбинира LED диоди поставени во форма на саќе и опкружени со црвена рамка.

За дополнително унапредување на надворешните ажурирања, достапна е низа од 13 бои на каросеријата за да одговараат на сите вкусови на клиентите. Четири од овие бои се нови за палетата, а тоа се Machined Bronze, Lemon Splash, Yucca Steel Gray и Experience Green.

Напредни погонски единици: Новите погонски агрегати комбинираат перформанси со ефикасност

Новата гама на Ceed им нуди на купувачите сеопфатен избор на конфигурации на погонски системи, вклучително и plug-in хибриден (PHEV) и благ-хибриден мотор (MHEV), со коњски сили кои се движат од 100КС до 204КС. На клиентите на Ceed им е претставен и избор помеѓу два бензински агрегати, и тоа 1.0 и 1.5 литарски со турбо полнач агрегат достапни со најновата Smartstream технологија на Kia.

Smartstream моторите ја вклучуваат технологијата со постојано променливо време на вентилите (CVVD) за да се оптимизираат перформансите. Дополнително оваа технологија служи и за подобрување на ефикасноста на горивото заедно со кружењето на издувниот гас со мал притисок (LP EGR), што враќа дел од топлите гасови произведени од моторот во комората за согорување за да се намалат загубите на пумпање и да се подобри економичноста.

Новиот 1.5 литарски мотор T-GDi се произведува во Kia во Словачка. Овој нов мотор, кој го замени претходниот 1.4 литарски T-GDi, е поврзан или со 7-степен менувач со двојна спојка (7DCT) или со 6-степен мануелен менувач (6MT) и испорачува 160 коњски сили, додека во исто време нуди и намалени емисии.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Најновите ажурирања на Ceed исто така ја воведуваат MHEV и DCT технологијата за бензинскиот 1.0 литарски турбо мотор, за да им овозможат на клиентите можност за намалување на емисиите на погонскиот систем. Усвојувањето на технологијата MHEV ги подобри ефикасноста и перформансите на горивото.
Моделите PHEV користат бензински мотор 1.6 GDi кој испорачува 141 коњска сила и е спарен со шестстепен менувач со двојна спојка. Овој погонски агрегат доаѓа со пакет батерии од 8,9 киловатчасови што обезбедува електричен опсег со нулта емисија од 57 километри со едно полнење.

Врвот на моделите – GT е претставен со ексклузивен 1.6 литарски T-GDi мотор со уникатен звук. Овој бензински мотор е споен со 7-степен автоматски менувач и испорачува огромни 204 коњски сили.

Обновената фамилија Ceed ќе започне со производство во европската фабрика за производство на Kia во Жилина, Словачка, овој август и ќе биде достапна низ цела Европа на почетокот на четвртиот квартал.

New item by Automedia MK / Google Photos