• Четврта генерација на Škoda Fabia, конструирана е врз платформата MQB-A0 на Volkswagen, исто како Kamiq
  • Повеќе од 4,5 милион возила се продадени од стартот на првата генерација во 1999 година
  • Моделот на чешката марка од градската класа е меѓу најпродаваните во сегментот

Членот на одборот на Škoda за производство и логистика, Михаел Елјеклаус, најверно ја опишува атмосферата во Млада Болеслав при лансирањето на новата генерација на Fabia: „Сите почетоци на производство се посебни моменти за коишто се подготвуваме највнимателно. Денес го прославуваме официјалниот почеток на производството на новата Fabia. Во обемното осовременување, како и во зголемување на автоматизацијата на производствениот процес, вложивме вкупно 110 милиони евра. Тоа сега се испалтува: Прекрасно чувство е кога ќе се види дека сé се одвива мазно, секој механизам работи во совршена хармонија.“

Škoda Fabia се произведува на иста линија со Scala и Kamiq. Првата генерација на моделот што беше лансирана во 1999 година, се вбројува меѓу најпродаваните градски модели, со повеќе од 1,7 милион возила. Втората генерација од 2007 година ја надмина таа бројка. Заедно со третата генерација, што стартуваше во 2014 година, досега се испорачани повеќе од 4,5 милиони примероци.

Со должина од 4.108 милиметри, моделот од новата генерација првпат ја пречекорува вредноста од четири метри, а голем напредок во просторноста е постигнат со ширината од 1.780 милиметри. Багажникот е за 50 литри поголем отколку кај претходникот и располага со рекордни 380 литри во сегментот.

Понудата се состои од пет бензинци од генерацијата Evo, со ниска емисија и подобрена ефикасност. Уште еден рекорд на Fabia е коефициентот на отпор на воздух од само 0,28. Со доплата за резервоар од 50 литри, може да се патува повеќе од 900 километри без потреба од дополнување гориво. Во новиот модел се вградуваат и бројни системи за безбедност, што досега беа својствени само за моделите од повисоките класи.