• Eлектрифициранa Astra за прв пат како plug-in хибрид во две варијанти
  • Смел и елегантен дизајн со новиот Vizor и со можност да се избере каросерија во две бои
  • Целосно дигитален Pure Panel и кокпит со широк екран и интуитивни контроли
  • Опција 8-степен автоматски менувач
  • Најновиот Intelli-Lux LED® Pixel светла со 168 LED елементи
  • Бројни системи за асистенција за висока безбедност и удобност
  • Ергономски AGR-сертифицирани седишта, по избор во кожа и алкантара
  • Дизајнирана, развиена и произведена во седиштето на Opel во Германија

Opel ќе ја понуди новата Astra со две варијанти со приклучен хибриден погон, покрај изведбите со високо ефикасни бензински и дизел мотори во комбинација со шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач.

Новата Opel Astra е динамична како никогаш досега, со пространи, зајакнати површини, ослободена од вишок елементи и со новото лице на брендот – Opel Vizor. Со следната генерација на моделот од компактната класа, Opel покажува дека Astra е подготвена за новата ера. Новата Opel Astra ќе почне со продажба годинава како динамичен модел со пет врати, со ниска силуета и уште повеќе простор од претходничката. Со должина од 4.374 mm и ширина од 1.860 mm, моделот ги достига речиси крајните граници на компактниот сегмент

Благодарение на особено краткиот преден каросериски превис новата Astra е подолга само 4,0 mm од претходниот модел, додека меѓуоскиното растојание е зголемено на 2,675 mm (+13 mm). Без разлика што каросеријата е скроена компактно, практичниот багажник на новата Astra со прилагодлив под им нуди на возачот и на четворица патници зафатнина од 422 литри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новата генерација е дизајнирана и развиена во седиштето на Opel во Риселсхајм каде производството ќе започне оваа есен. Како и нејзиниот претходник лансиран во 2015 година, новата генерација на Astra во бројни подрачја нуди ставки што клиентите обично ги очекуваат кај поскапите возила. На пример, Astra може да ја претвори ноќта во ден: Најновата генерација на адаптивните светла Intelli-Lux LEDix Pixel доаѓа директно од знаменосецот Opel Insignia и со 168 LED елементи е лидер во компактната класа.

New item by Automedia MK / Google Photos

Генерацискиот скок е голем во внатрешноста. Со целосно дигиталниот Pure Panel, аналогните инструменти заминуваат во историјата. Место тоа, новиот ”Human Machine Interface (HMI) со свежа, модерна графика им нуди на клиентите чисто, поинтуитивно искуство. Патниците можат да управуваат со новата Astra интуитивно преку екстра-широки екрани на допир, исто како со паметен телефон. Дизајнерите и инженерите на Opel се погрижија навистина многу да се осигураат дека возачот ги добива сите потребни информации и корисни опции за работа, но не е оптоварен со излишни податоци или функции. Покрај тоа, клучните поставки, како што е контролата на климата, сè уште може да се управуваат преку физички прекинувачи и копчиња.

New item by Automedia MK / Google Photos

Предните седишта, се со сертифициран AGR („Aktion Gesunder Rücken e.V.“) и со својата примерна ергономија, се мошне удобни, особено на долги патувања. Возачот добива помош од најсовремените системи за асистенција, меѓу кои се полу-автопилотот Intelli-Drive 2.0 или камерата Intelli-Vision 360 степени.

New item by Automedia MK / Google Photos

„Целосно новата Astra – роден е новиот ”Blitz”! Со сензационален дизајн и водечка технологија. Електризиран и високо ефикасен за најниски можни емисии; одејќи во нова ера. Astra е креирана со најголема прецизност до најмалите детали. Уверени сме дека следната генерација на Astra има сè што е потребно за да стане уште еден бестселер и да привлече многу нови клиенти за Брендот “, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лошелер.

New item by Automedia MK / Google Photos