Летото е време на убави глетки. Секако дека и BMW сака да учествува во тоа и ја пушта ограничената серија со име Black Vermillion од своите X5 и X6, како и серија од X7 со ексклузивната боја Frozen Black.

Топ тројката во понудата на X-модели на BMW отсекогаш се поистоветува со врвен комфор и луксуз, моќни перформанси и исклучителни возни својства. Минхен сака летово да го нагласи тоа дополнително и ја нуди серијата Black Vermillion за X5 и X6, којашто ќе се изработи во ограничен број примероци. X7 парира со лимитирана серија со каросерија лакирана во Frozen Black metallic.

Лани од трите модели се продадоа близу 250.000 примероци, произведени во фабриката на BMW во Спартанбург, САД. Едно од секои осум продадени возила на BMW лани било X5, X6 или X7. Испораките ќе започнат во август. Познати се цените за германскиот пазар: BMW X5 Black Vermilion стартува од 93.200 евра, за X6 треба да се смета на 100.700 евра, додека X7 од ограничената серија се цени на најмалку 108.700 евра со боја Frozen Black metallic.

Главната препознатливост на серијата Black Vermilion е играта на црната и црвената боја. Ексклузивно изработените бубрези на BMW кај овие модели имаат ламели во црвена боја, што прави моќен контраст со каросеријата лакирана во боја Frozen Black metallic, од специјалната понуда на BMW Individual.

New item by Automedia MK / Google Photos

BMW X6 Black Vermilion додава уште поголема препознатливост, со осветлените бубрези, што Баварците го водат како „Iconic Glow. Појавата ја заокружуваат светлата M Shadow Line со ласерско светло и со посебна функција на проектирање на буквата X во сина боја. Возилата од оваа серија располагаат и со M спортски пакет, што содржи посебни браници напред и назад, како и со посебна изведба M Shadow Line со висок сјај и со поголем број на елементи што се изработени со препознатливиот финиш. Зад M-тркалата од 22 инчи со двојни краци и со дизајн 742 M, со различна големина на гумите напред и назад, ѕиркаат црвените сопирачки клешти на M спортските сопирачки.

New item by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста добива посебен печат и со M-таванот што е обложен со алкантара во антрацит боја. Скапо изработеното лого на серијата се наоѓа на поклопецот на држачите за чаша, лакиран во пијано црна боја со висок сјај од понудата на BMW Individual. Екслузивноста на моделот се препознава и по изработката на контролерот за iDrive од стакло во стилот што BMW го нарекува Crafted Clarity. Истото важи и за рачката за бирање на менувачот и за копчето за старт.

New item by Automedia MK / Google Photos

Украсната лајсна на арматурната табла е изработена од благородно дрво, во црна боја и со алуминиумски додатоци. Комплетното обложување на кабината со мека мерино кожа во црна боја исто добива посебна нота со црвените штепови. Задните стакла се повеќе затемнети.

New item by Automedia MK / Google Photos

BMW X7 Edition исто е лакиран во Frozen Black metallic, како X5 и X6 Black Vermilion. Кај него сепак отсуствува играта со црвената боја. Тркалата од 22 инчи со краци Y и дизајн 758 I се ексклузивни за овој примерок на X7, и лакирани се во орбит сива боја. Соодветно и сопирачките клешти се лакирани во црна сјајна боја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Овие „детали“, заедно со M спортски пакет и со M Shadow Line со висок сјај, прават X7 Edition да изгледа уште попретставително со своите 5,15 метри должина и преку два метри ширина. Таванот исто така е во алкантара во антрацит боја, а бројни детали во кокпитот се во стаклена изведба.