Од француската марка укажуваат на дополнителната важност што ја има новата генерација на Peugeot 308. Со два приклучни хибриди од старт, компактот ќе придонесе уделот на електричните модели во продажбата на Peugeot да се катапултира до 70 проценти.
Увозникот Еуроимпекс почнува со најавите за новата генерација во низата 306-307-308, што македонскиот пазар ја познава одлично. Новиот Peugeot 308 ја продолжува еволуцијата што е „стандард“ во секоја генерација, но овојпат има и една клучна новина: Електрификацијата доаѓа на голема врата и во гамата на компактот.
Новиот Peugeot 308 ќе понуди две изведби со приклучен хибриден погон, кои уште од стартот на продажбата ќе бидат достапни во двете каросериски изведби, во комбилимузинската и во комби изведбата SW. До 2021 година, овие модели ќе ја зголемат стапката на електрификација на гамата Peugeot на 70%, вклучувајќи ги и патничките и комерцијалните возила. До 2023 година, 85% од моделите на брендот ќе бидат електрифицирани, за потоа секој модел на Peugeot по 2025 година во Европа да поседува електромотор во погонската спрега.
Новиот Peugeot 308 Hybrid 225 e-EAT8 испорачува до 225 КС, со погонска спрега што комбинира мотор PureTech со 132 kW (180 КС), електромотор со 81 kW и 8-степен автоматски менувач e-EAT8. Емисијата на СО2 според нормата WLTP изнесува 26 грами, а со полна батерија ќе може само на струја да се извозат до 59 километри.
Подостапната изведба е Peugeot 308 Hybrid 180 e-EAT8, со бензинец со 110 kW (150 КС), електрoмотор со 81 kW и менувач e-EAT8. Емисијата тука изнесува 25 грами СО2 на километар, досегот е 60 километри.
Електрификацијата на гамата Peugeot започна пред три години со лансирањето на e-208 и, оттогаш, 100% електричните модели (e-208, e-2008, Traveller и Expert) и хибридите (3008 и 508) оставија свој белег на пазарот. Во првите пет месеци од 2021 година, Peugeot е втор најпродаван бренд во Европа според вкупната продажба и веќе е трет најпродаван бренд за електрифицирани возила. Peugeot e-208 и e-2008 се на второто место во нивните соодветни сегменти, освојувајќи нов дел од сегментот месец по месец.
„Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија ‘Моќта на избор‘, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е конвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби. Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа, оваа стратегијата вродува со плод. На меѓународно ниво, дури и на пазарите кадешто електрификацијата е во зародиш, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме како инвентивен бренд што се стреми кон премиум. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот“, порачува Линда Џексон, извршна директорка на Peugeot.
За PEUGEOT, електричната понуда вклучува и патнички и комерцијални возила. Брендот нуди 100% електрична верзија на секој од моделите во својата гама на комерцијални возила, што им овозможува на професионалците без никаков проблем да пристапат до зелените површини на големите градови, притоа уживајќи во капацитетот и комфорот, идентичен со оној кај верзиите со согорување.
Стратегијата „Моќта на изборот“ е овозможена од мулти-енергетските платформи на групацијата, кои овозможуваат да поставиме технологијата на највисоко ниво или онака како што нјмногу одговара на потребите на клиентите за конкретен модел: електричен, Plug-in хибрид или внатрешно согорување.
Нашата мариовска трилогија исто така беше во согласност со мотото „Моќта на изборот“; Почнавме со дизел Peugeot 3008, следен беше бензински Peugeot 208, кулминација беше електричен Peugeot e-208
Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово
Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи
Патуваме со Peugeot низ Мариово: Тиквеш, рудници, мистерии, глетки за паметење