Остануваат уште неколку недели додека првите примероци од СУВ-автомобилот на струја Tesla Model Y почнат да возат по европските патишта.

Прв ќе биде услужен германскиот пазар, каде што СУВ-изведбата на Model 3 ќе почне да им се предава на сопствениците веќе во следниот месец. Во септември следat Холандија и уште неколку поголеми пазари на континентот.

Tesla Model Y за европскиот пазар во почетокот ќе пристига од Шангај. Калифорнискиот електро специјалист првично планираше производството на Model Y во фабриката во Гринхајде, близу Берлин, да стартува во јули. Меѓутоа, германската гигафабрика доцни и според покраинските власти на Бранденбург, нејзиниот старт може да се очекува кон крајот на годината.

Електричниот СУВ од средната класа е малку поголема верзија на Model 3, прв модел на Tesla што е наменет за поширокиот пазар. Во вториот квартал, компанијата испорача 199.000 примероци од Model 3 и Model Y на светскиот пазар. Во истиот период, од пионерските и престижни Model S и Model X се испорачани близу 2.000 примероци.