BMW ја продолжува традицијата на врвни спортски компакти со новото купе од серијата 2. Овој автомобил ги носи гените на славната серија „02“, на 2002 turbo, на 2002 tii, секако на 1 M Coupe, на претходничката со истата ознака.

Баварците покажуваат што се добива кога се почитуваат традициите. Купето од серијата 2 е димензионирано точно колку што треба, без вишок метал, конципирано само за возна динамика, место за комотно сместување на сите патници и за понесување многу багаж. Сé што треба да содржи дизајнот на класично BMW, купето од серијата 2 го содржи: Кус каросериски превис напред, долга хауба, кабина повлечена наназад, долго меѓуоскино растојание, тенок опаш и задолжителен „хофмајстеркник“ во задниот прозорец.

Техниката што го оправдува овој изглед содржи делови од задната оска што се преземени од серијата 4, како и надолжно поставен линиски шестцилиндарец во врвната моделска изведба. Покрај осетно подобрената возна динамика, новото купе од серијата 2 нуди повеќе присутен премиум печат во кабината и ги применува иновациите во ракувањето и во конективноста.

Првото појавување на купето од серијата 2 на BMW директно во јавност е утре на Фестивалот во Гудвуд

Светската премиера на моделот ќе се случи утре, на 8-ми јули, во рамките на Фестивалот на брзината во Гудвуд во Велика Британија. Компактниот четирисед ќе се произведува во фабриката на BMW во Мексико. При почетокот на продажбата в година, купето од серијата 2 ќе биде достапно и во топ-верзија на M GmbH, со врвни перформанси.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моторот во топ-изведбата BMW M240ix Drive Coupé е трилитарски шестцилиндарец со 374 КС (+34 КС, 500 Nm), во комбинација со интелигентен погон на сите тркала. Во понудата во гамата на моделот влегуваат и изведби со четирицилиндарски бензинци и дизели, со погон назад.

Каросеријата е значително олеснета, но и за 12% е покрута во споредба со претходно. Распределбата на тежината во сооднос 50:50 меѓу оските, заедно со врвна аеродинамичност, се грижат за посебен спортски карактер. Техничарите ветуваат дека се подобрени агилноста, прецизноста на управувањето и стабилноста во свијоци.

Ширината на трагата на пердната оска повторно поразна за педесетина милиметри

Каросеријата со 4.537 милиметри должина и 1.838 милиметри ширина е за 105, односно за 64 милиметри поголема во споредба со претходниот модел. Во исто време е смалена висината за 28 милиметри, на 1.390 милиметри. Порасна и меѓуоскиното растојание за 51 mm, на 2.741 милиметри, а значително е зголемена и ширината на трагата на оските: Напред +54 mm, на 1.575 mm, назад +31 mm, на 1.587 милиметри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Широките крила и моќното испакнување во средината на хаубата се јасна порака дека овој автомобил се одликува со врвна возна динамика. Во широките бубрези на BMW, место класични ламели се поставени клапни, што се отвораат со помош на електромотор, кога моторот има зголемена потреба од воздух за ладење. Диодните светла се одвоени и имаат кружна шема на осветлување, верно на традицијата на BMW.

Спортските седишта и спортскиот волан се стандард во целата гама. Задните две седишта се изведени посебно, за на патниците да им се посредува поспортско чувство. Украсните панели во кабината стандардно имаат финиш на графит. Нов детал се површините во форма на трапез над потпирачот за лакт во вратите. Оваа перфорирана површина создава посебен впечаток кога ќе се избере амбиентално осветлување од листата со опции.

New item by Automedia MK / Google Photos

Секое купе од серијата 2 излегува од фабрика со звучно изолиран ветробран и тризонска клима. Од долгиот список на опции може да се изберат озвучување Harman Kardon, стаклен покрив со 20% поголема површина од претходно. Багажникот располага со зафатнина од 390 литри и полесно е достапен поради тоа што долниот раб е спуштен за 35 милиметри.

Посебна конструкција на амортизерите за да се постигне пристојно ниво на комфор во секојдневието

Посебен степен во амортизерите го контролира клатењето на каросеријата при минување преку поголеми нераминини на патот, дозволувајќи поголемо притискање на амортизерите. На тој начин се постигнува повисок комфор во секојдневието. Секако дека на располагање стои и M-спортско подвозје, заедно со варијабилно спортско управување.

Купето од серијата 2 стандардно вози со тркала од 17 инчи. Во изведбата M Sport се вградуваат гуми со различни димензии за предната и за задната оска, на тркала од 18 инчи. Стандард кај топ-моделот BMW M240ix Drive Coupé се тркала од 19 инчи. Со доплата може да се нарачаат за уште еден инч поголеми тркала.

New item by Automedia MK / Google Photos

Спринтот на „M“ моделот до темпо сто трае 4,3 секунди. Во BMW 220i Coupé се вградува нов дволитарски бензинец, со оптимирана емисија на штетни материи, благодарение на издувната гранка што е интегрирана во главата на моторот. Со 184 КС и 300 Nm, оваа моделска изведба спринтува до темпо сто за 7,5 секунди. Посилната изведба на овој мотор, во BMW 230i Coupe, располага со 245 КС и ќе се приклучи во понуда во следното лето.

Битурбо натполнење и благ хибрид со 48-волтна мрежа му обезбедуваат 190 КС и 400 Nm на дволитарскиот дизел во BMW 220d Coupe. Спринтот на овој модел до темпо сто трае 6,9 секунди. Сите мотори стандардно се комбинирани со 8-степен автоматски менувач. Опција е спортски менувач, кој е стандард кај M240ix.

Германскиот ценовник почнува од 39.700 евра за BMW 220i Coupe Advantage и 42.800 евра за 220d со истата опрема, додека M240i xDrive се цени на 56.000 евра. Доколку се работи за изведба M Sport, тогаш 220i чини 44.250 евра, односно 220d чини 47.350 евра.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos