Новата специјална серија Volkswagen Tiguan Urban Sport комбинира ексклузивни детали во дизајнот и во техниката, со богата сериска опрема и спортски стил.

Volkswagen внимава на традицијата да нуди специјални серии од моделите што се гледаат секаде и секогаш. Новата серија Tiguan Urban Sport прикажува неколку ексклузивни детали во дизајнот, од коишто секако дека е највпечатлив натписот Urban Sport на вратите.

Кај специјалната серија, задниот браник добива неколку хромирани украси, а на тоа се надоврзуваат рефлекторска лента по ширината на возилото и црн заден спојлер во R-стил. Предниот браник има акценти во сјајна црна боја. Дизајнот го заокружуваат црни капи на ретровизорите, од коишто се проектира лого Urban Sport. Црните тркала од 18 инчи од типот Sebring се стандард.

New item by Automedia MK / Google Photos

Прагот на возачката врата е осветлен и го носи името на серијата. Педалите се од четкан челик. Нагласок ставаат и патосниците со сиви штепови. Комфорните седишта исто така се стандард, со посебно дизајнирани облоги во црна и антрацит боја, со црвени штепови.

Од техничката опрема, стандард во Tiguan Urban Sport се прогресивно управување (со променлив преносен однос) и спортско подвозје. Спортскиот изглед го нагласуваат темните задни стакла. Диодни светла со автоматско долго светло се дел од богатата опрема, заедно со тризонски Climatronic со активен комби-филтер и систем за следење лента Lane Assist.

New item by Automedia MK / Google Photos

Може да се доплати за пакет Urban Sport Plus по цена од 1.995 евра во Германија. Овој пакет содржи проекциски дисплеј, озвучување Harman Kardon со 8+1 звучници и моќност од 480 вати, дигитален 16-канален засилувач и сабвуфер. Во состав влегуваат и матрични диодни светла со динамично светло за свијоци.

Цената во Германија започнува од 33.125 евра, за верзија со 1,5-литарски TSI со 130 КС. Вкупно се достапни девет варијанти на мотори и погон.