Уште еден историски важен датум за светот и за неговата мобилност. Во последниот ден од јуни во оваа 2021 година, Mercedes одржа светска премиера на батериско електричниот eActros наменет за дистрибуција на тежок товар.

Првиот електричен камион од сериско производство со сребрената ѕвезда го означува почетокот на новата ера за Mercedes-Benz Trucks. Сериското производство на eActros почнува наесен во фабриката во Верт на Рајна. На денешниот важен чин му претходеше обемен процес на тестирање на електричните прототипи и уверување на клиентите во способностите на камионот со чисто електричен погон.

По три години тестирање, eActros веќе е подготвен да почне да служи во големите возни паркови на компании од глобален карактер, кои секако дека електричните камиони ќе ги користат и за унапредување на својот имиџ на компании што се грижат за животната средина и одржливоста.

Mercedes eActros има повеќе од четирипати поголема батерија од Tesla Model S Plaid

Клиентите ќе можат да избираат верзија на Acstros со три или четири батериски пакети, секој со капацитет од по 105 kWh. Тоа значи дека во „најспособната“ варијанта, електричниот Mercedes располага со капацитет од 420 kWh, што според фабричките пресметки е доволно за досег од 400 километри. Погонската единица се состои од електрична крута оска со два интегрирани електромотори и двостепен менувач.

New item by Automedia MK / Google Photos

Двата електромотори со водено ладење заедно произведуваат трајна моќност од 330 kW, односно краткотрајна моќност од 400 kW или 544 КС. Кај тешкиот камион под залет игра голема улога функцијата на рекуперација, односно претворање на кинетичката енергија (едноставно, залетот) во електрична енергија, којашто се акумулира во батеријата. Секако, овој „повраток“ на енергијата се случува и при секое сопирање на тешката машина.

Клиентите што ги тестираа прототипите беа одушевени од перформансите – серискиот модел е уште поспособен

Двата интегрирани електромотори се одликуваат со висока ефикасност при рамномерно ослободување на моќноста и висок вртежен момент при поаѓање. Овој вртежен момент, во комбинација со двостепен менувач, се грижи за брзо поаѓање, комфорно возење и возна динамика што е „автомобилска“ во споредба со камионите со дизел мотор. Ниското тежиште и тука помага да се постигне подобрена стабилност во свијоци.

New item by Automedia MK / Google Photos

Под полно оптоварување, бучавата во кабината е за 10 dB пониска во споредба со дизел. Тоа значи дека силината на звукот е преполовена во електричниот Mercedes eActros. Благодарение на ниската бучава, овој камион ќе може да врши и ноќна достава. Исто е драстично намалено и нивото на вибрациите.

За полнење на батеријата може да се користат полначи со моќност до 160 kW. На трите батериски пакети, при вообичаен брз полнач со струја од 400A, доволно им е нешто повеќе од еден час, за да се наполнат од 20 до 80 проценти.

New item by Automedia MK / Google Photos

За клиентите да ги охрабри да ги користаt предностите на Mercedes eActros, концернот подготви цел пакет од понуди за советување и сервисирање, како и дигитални услоги за оптимизација на трошоците – кои се најважни во транспортот, а токму во нив брилјира електричниот погон. Меѓу другото.

Посебни системи се грижат за безбедноста во поглед на батериите. Специјални елементи од алуминиумки профили ги штитат батериите при страничен судир. Во истите постојат и сензори, кои пред неизбежниот судир активираат откачување на батериите од возилото. Покрај тоа, возачот исто така има контрола во кабината и може оттаму да ги откачи батериите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Понатаму, за пешаците и велосипедистите да можат да го слушнат електричниот камион, во eActros се вградува надворешен Acoustic Vehicle Alerting System (AVAS).

Mercedes го нуди eActros во варијанта со две или три оски, односно со носивост од 19 или 27 тони.