Основа за специјалната моделска изведба на Citroen C3 претставува нивото Feel, коешто во рамките на специјалниот третман добива клима, радио со МР3, грејачи во ретровизорите, темпомат и систем за следење лента.

Новата специјална серија на Citroen C3 YOU! се препознава однадвор по магленките на бела подлога, на коишто им се придружуваат бели капи на ретровизорите и декорација на задните столбови. C3 YOU! е создаден со идејата да ги спои практичното со уживањето и да понуди висока противвредност. Француските салони на марката веќе стартуваат со нарачки за специјалната серија. Испораката ќе започне во септември.

Арките на крилата на „You!“ се обложени со пластични лакови во мат црна боја, алу-тркалата од 15 инчи се во варијантата Arrow, а опција е покрив во бела боја. За примероците од серијата да се распознаваат уште повеќе, под ретровизорите стои натпис „You!“. Вкупно шест бои стојат на располагање: Elixir Red, Perla Nera Black, Sand, Steel Grey, Platinum Grey и Polar White.

Посебен печат во кабината дава панелот на арматурната табла во сјајна црна боја. Моторот што го користат примероците од специјалната серија е PureTech 83, стандардно со систем старт-стоп.