Со неколку фотографии со сцени од обемните тест возења, Opel ја најавува премиерата на новата генерација на Astra којашто ќе се случи веќе летово.

Привршува тестирањето на целосно новата генерација на Opel Astra. За неколку седмици се очекува премиерата на единаесеттото колено на низата модели на Opel од компакт класата. Тестирањата на новиот модел започнаа во минатото зимо, со возења по најразлични патишта и во најразлични услови, со цел клучниот модел за германската марка да се доведе до беспрекорност.

Прво се возеше по замрзнатите патишта во шведска Лапонија, на работ на Поларниот Круг. Потоа инженефрите проверуваа како претседиските возила се однесуваат во центарот за тестирање во Дуденхофен, Германија. Во моментов се вози во поречието на Рајна и Мајна, секако во присуство на извршниот директор Михаел Лошелер. Паралелно се вршат тестирања во лабораторијата за EMV (Elektromagnetische Verträglichkeit, односно електроманетска подносливост) во Риселсхајм. Следен чекор е добивање типска хомологација од страна на производителот, по што новата генерација на Opel Astra ќе влезе во сериско производство.

Развојниот тим, кој опфаќа повеќе дами инженери од кога било досега, со новата генерација на Astra разви кул автомобил во секој поглед, што ќе ги одушеви нашите клиенти

Мариела Фоглер, главна инженерка за Opel Astra

Тестирањата во арктички услови, на температура од 30 степени Целсиузови, овојпат имаа и дополнителни точки за проверка. Новата Astra првпат ќе биде достапна и со приклучен хибриден погон. Поради тоа, во Лапонија се проверуваше дали ефикасноста на батериските ќелии се задржува во цел обем и при ниски температури, како и времетраењето додека се загрее литиум-јон батеријата.

https://photos.app.goo.gl/yg8mpGe9ctLpg88w7

При развојните тестирања на Opel Astra се земаат предвид и сценарија што само незначителен број возачи ќе ги доживеат во возење или во секојдневието

Најголемите „спектакли“ при тестирањето сепак се одвиваат во тест центарот во Дуденхофен, вклучувајќи залетување низ базен со вода длабок најмалку 25 сантиметри. Во центарот главно се проверуваше функционирањето на системите за асистенција, држењето правец при висока брзина и контролата при силно сопирање, потоа стабилноста на хаубата и сигурното прилегнување на бришачите врз ветробранот.

https://photos.app.goo.gl/cK11ShxnapGpwfbEA

Се симулира и возење во застој, заради отпорноста на моторот кон прегревање, како и возење по надолнина и нагорнина, заради проверка колку и сопирачките се отпорни на прегревање. Педантните германски инженери секако проверуваа и дали снегот би можел да ги зачепи отворите за ладење.

Повеќе детали околу техниката и новите технологии во Opel Astra ќе следат наскоро.

https://photos.app.goo.gl/3zYCo4dnLaFFrcdL6

https://photos.app.goo.gl/UEXa8bdwDMJvGQ3D7

https://photos.app.goo.gl/RFZi72Xwuopp7xrG9

https://photos.app.goo.gl/eJzMmCXFJGdHGqc46

https://photos.app.goo.gl/EwcS9nnnfwxxfSvC7