Во новата генерација на Mercedes C-Class се вградуваат само четирицилиндарски мотори. За суверената моќ при поаѓање и забрзување отсега дополнително се грижи 48-волтен стартер-генератор, нема потреба од екстра работна зафатнина и екстра цилиндри. Секако дека во моторите и натаму работи врвна технологија. Во ова продолжение од нашата серија ги претставуваме сите мотори во новиот Mercedes.

Електрификацијата ја зафати и најпродаваната класична серија модели на Mercedes, новиот C-Class. Формулата што инженерите на Daimler ја користеа при развојот на новата генерација модели, во поглед на погонската спрега, гласеше: Стартер-генератор во 48-волтна архитектура, во помош на четирицилиндарските бензински и дизел мотори. Нема потреба од шест цилиндри и мотори со повеќе од два литри зафатнина во C-Class.

Така велат инженерите на штутгартскиот производител на автомобили и сигурно е дека пазарот нив ќе им верува повеќе отколку на „професионалните“ коментатори по друштвените мрежи, кои и по десет години ќе порачуваат дека нема подобро од моторите од 80-те и 90-те години. Толку за „стручните“ коментари околу тоа што индустриски глобален џин како Daimler, што вложува милијарди во своите автомобили, решил повеќе да не вградува 6-цилиндарци во C-Class. Со исклучок на AMG-варијантите, што ќе следат подоцна.

Сите погонски единици потекнуваат од тековната генерација мотори на Mercedes со модуларна конструкција FAME (Family of Modular Engines). Турбонатполнењето е стандард во целата гама, исто како и интелигентната подршка при ниски вртежи од страна на интегрираниот стартер-генератор (ISG) од втора генерација. ISG е дел од 48-волтната мрежа што овозможува функции како „едрење“, бустирање или повраток на енергијата при сопирање. Со него се постигнува и значајна заштеда во горивото.

Уште една предност е тоа што моторот стартува речиси неосетно по секое активирање на системот старт-стоп, без вообичаениот звук и без вибрации. ISG се грижи и за исклучително култивирана работа на моторот во место. Возачот исто така не чувствува и кога ISG се вклучува при умерено возење со рамномерна брзина, за да помогне брзината да се одржи, без активирање на моторот.

Прв дизел со интегриран стартер-генератор

врвот во штедливоста му пропаѓа на новиот дизел мотор OM 654 M со интегриран стартер-генератор од втора генерација. Покрај електрификацијата, којашто овозможи и примена на електричен компресор за средството за ладење за клима уредот, во моторот се извршени уште цела низа промени, што доведоа до моќноста од 195 kW (265 КС) и дополителни 15 kW (20 КС) буст од ISG.

  • Новото коленесто вратило донесе òд зголемен на 94,3 mm, со што работната зафатнина порасна на 1.993 cm³ (претходно 92,3 mm und 1.950 cm³).
  • Притисокот на впрскување е зголемен на 2.700 bar (досега 2.500).
  • Посебно брза реакција и рамномерно ослободување моќ со помош на два турбо-компресори со водено ладење, со тоа што сега двата располагаат со варијабилна геометрија.
  • Каналите за ладење во челичните клипови се наполнети со натриум. На тој начин подобро се одведуваат температурните врвови во вдлабнувањето во челото на клипот.

Постигнат е напредок и во пречистувањето на издувните гасови кај најсилниот дизел. Тоа се состои од:

  • акумулациски катализатор за азотни оксиди
  • DPF со специјален слој што исто така ја смалува количината на азотни оксиди
  • катализатор SCR (Selective Catalytic Reduction) со дозирано впрскување AdBlue,
  • дополнителен катализатор SCR во подот на возилото, со посебно впрскување AdBlue.

Четирицилиндарски бензинци со ISG од втора генерација

Премиера во новата C-Class доживува четирицилиндарскиот бензинец M 254 со интегриран стартер-генератор ISG од втора генерација, со дополнителни 15 kW моќност и екстра 200 Nm вртежен момент. Преку повраток на енергијата при сопирање и „едрење“ со изгаснат мотор се постигнува голема заштеда во горивото. Во M 254 првпат во една погонска единица се соединети сите иновации од модуларната фамилија мотори со шест и четири цилиндри, бензински и дизели. Меѓу технологиите се вбројуваат обложување на цилиндрите NANOSLIDE, хонување на цилиндрите CONICSHAPE (хонување во форма на труба) и пречистување на издувните гасови што е поставени директно на моторот.

Целосна новина е сегментниот турбокомпресор (твин-турбо) со континуиран проток, што претставува унапредување на технологијата Twin-Scroll, за уште поспонтана реакција на турбонатполнењето. Сегментниот турбокомпресор е комплетно нов и дело е на соработката со тимот Mercedes-AMG Petronas во формула 1. Трансферот на оваа технологија од мотоспортот во сериските возила носи голем напредок во комбинацијата од моќност и штедливост. Mercedes C 300 краткотрајно може да постигне моќност зголемена за 20 kW (32 КС), преку функцијата на Overboost.

Автоматски менувач е стандард во целата гама

Менувачот 9G-TRONIC е оптимиран за комбинирање со ISG и се вградува во сите моделски извееби на Mercedes C-Class. Електромоторот, трафо-секцијата и ладењето на менувачот се директно во или до менувачот. На тој начин значително се скусија каблите, димензиите се помали и тежината е пониска.

Порасна и ефикасноста на менувачот. Преку оптимираната заедничка работа со електричната дополнителна пумпа за масло е намален протокот на механичката пумпа за 30 проценти. Се користи и нова генерација на целосно интегрирана контролна електроника на менувачот со Multicore-процесот и со нова техника на поврзување. Покрај зголемената процесорска моќност, драстично е смален бројот на електрични компоненти и тежината на контролната единица е смалена за 30 проценти.

Погонот 4MATIC на моделите со погон на сите тркала исто е унапреден. Со новиот погон на предната оска може да се пренесува повисок вртежен момент и може да се постигнат подинамични возни својства. Тежината е намалена во споредба со претходникот. Кај надолжниот разделен преносник се смалени отпорите на триење. Покрај тоа, погонот сега располага со затворен систем за подмачкување и нема потреба од дополнително ладење.

Бензинските мотори во новиот Mercedes C-Class

C 180 C 200 C 200 4MATIC C 300 C 300 4MATIC

Зафатнина cm³

1.496 1.496 1.496 1.999 1.999

Моќност КС

170

204

204

258

258

Boost КС

20

20

20

20

20

Врт. момент Nm

250

300

300

400

400

Boost Nm

200

200

200

200

200

L/100 km

(WLTP)

7,2-6,2

7,2-6,3

7,6-6,6

7,4-6,6

7,9-7,0

0-100 km/h [s]

8,6

7,3

7,1

6,0

6,0

km/h

231

246

241

250

250

Дизел мотори во новиот Mercedes C-Class

C 220 d C 300 d

Зафатнина cm³

1.993 1.993

Моќност КС

200

265

Boost КС

20

20

Врт. момент Nm

440

550

Boost Nm

200

200

L/100 km

(WLTP)

5,6-4,9

5,6-5,0

0-100 km/h [s]

7,3

5,7

km/h

245

250

Мак Аутостар ги објави цените за новиот Mercedes C-Class:

Моделска изведба

Цена (евра)

C 220 d 53,990.-
C 300 d 59,990.-
C 180 46,000.-
C 200 50,990.-
C 200 4M 54,510.-
C 300 54,990.-
C 300 4M 57,900.-

Во претходните објави:

Овој автомобил е Ц-витамин за Мерцедес

Новиот Мercedes C-Class до детал: Колку порасна новиот модел?