Новиот Mercedes C-Class пред само неколку денови ја доживеа својата македонска премиера во салонот на Мак Аутостар. Вообичаено за Mercedes, моделот стартуваше со продажба во Македонија во исто време со европските пазари. Лимузината во генерацијата W 206 доаѓа со бројни промени, почнувајќи од димензиите.

Со должина од 4.751 милиметри и ширина од 1.820 милиметри, лимузината и комбито T-Modell се значително пораснати во споредба со претходната генерација. Меѓуоскиното растојание исто така се зголеми за 25 милиметри и тоа сега изнесува 2.865 милиметри. Пораснатите димензии носат и повеќе простор за патниците напред и назад.

Иако се зголемија димензиите, коефициентот на отпор на воздух остана непроменет, со вредност cw 0,24 кај лимузината и 0,27 кај комбито.

Споредба на најважните димензии меѓу новата C-Class и претходничката:

C-Class

Limousine

Разлика

Надворешни димензии (mm)

Должина 4.751 +65
Ширина 1.820 +10
Ширина со ретровизори 2.033 +13
Висина 1.438 -9
Меѓуоскино растојание 2.865 +25
Ширина на трага напред [1] 1.582 +19
Ширина на трага назад 1.594 +48

Внатрешни димензии (mm)

Висина на простор за глава напред 1.041 +2
Висина на простор за глава назад [2] 955/952 +13/+10
Простор за нозе напред 1.059 0
Простор за нозе назад 914 +21
Ширина во делот на лактите напред 1.476 +22
Ширина во делот на лактите назад 1.477 +15
Ширина во делот на раменици напред 1.43 +26
Ширина во делот на раменици назад 1.411 +13
Зафатнина на багажник VDA (L) 455 0
[1] Со гуми 225/50 R 17
[2] Без / со сончев покрив

Со зафатнина од 490 до 1.510 литри, багажникот на комбито T-Modell е за 30 литри поголем. Висината на товарниот простор под преклривката, како и должината на товарниот простор исто така се зголемени во споредба со претходникот. Товарниот раб се наоѓа пониско.

Потпирачот на задните седишта во T-Modell е поделен во сооднос 40:20:40 и се соборува. Клупата се соборува преку двете копчиња на левата и на десната страна на потпирачот за грб. Со доплата се добива пакет за комфор за товарниот простор, за клупата да се соборува електрично. Во тој случај се користат прекинувачи што се сместени на левиот и десниот ѕид на товарниот простор.

T-Modell стандардно располага со заден поклопец Easy Pack. Поклопецот се отвора и се затвора комотно со притискање на копчето во клучот, на прекинувачот во возачката врата или со рачката за отклучување во задниот поклопец. Подобрен е и комфорот при ракување. Првпат има посебна касета за прекривката и посебна касета за разделната мрежа. На тој начин се намали тежината на касетата и ракувањето е полесно.

Следат продолженија во коишто ќе ги опишеме новите системи за асистенција, технологиите, опремата, подвозјето, како што кажавме, Mercedes C-Class до детал.

>>> Овој автомобил е Ц-витамин за Мерцедес