Седмото колено на GT-машината на Porsche со 510 КС исто ќе може да се нарача со пакетот Touring, што производителот поотсетува дека беше исклучително баран кај претходниот 911 GT3. Изведбата што е блиска до мотоспортот и тежи само 1.418 kg, стандардно се испорачува со 6-степен спортски менувач. Со пакетот Tounring, првпат може да се комбинира и 7-степен менувач со двојна спојка.

Главната разлика при избор на пакетот Touring за Porsche 911 GT3 е во тоа што недостига големиот спојлер назад. За неопходниот потисок при високи брзини се грижи заден спојлер што излегува автоматски. Друга разлика се лајсните околу страничните прозорци што се елоксирани до висок сјај и лакирани се во сребрена боја. Целиот опаш е лакиран во бојата на каросеријата.

Благородна нишка во кабината дава кожениот ентериер во посебна изведба за GT3 со пакет Touring, со поголем обем од стандардната верзија, во црна боја. Предната страна на арматурната табла и горниот дел од вратите се обложени со посебно обработен материјал.

Пакетот Touring потекнува од варијантата на 911 Carrera RS од 1973 година. Идејата и тогаш и денес е да се нагласат пуристичкиот дизајн на 911 и класичната изведба на кабината.

На решетката на задниот поклопец стои натпис GT3 touring. Завршетоците на издувните цевки исто така се лакирани сребрено. Постои можност сребрените детали да се заменат со изведба во сјајна црна боја. Во тој случај, задните светла се затемнети.

Porsche Design им нуди посебен рачен часовник на купувачите на 911 GT3 со пакет Touring. Хронографот е опремен со функција Flyback, со ротор во ист дизајн како тркалата на возилото. Часовникот се изработува во Швајцарија во сопствена работилница на Porsche Design и достапен е само за сопствениците на овој модел.

Porsche 911 GT3 ги влече корените од 911 RSR во шампионатите во GT. Четирилитарскиот боксер исто така се базира врз моторот од 911 GT3 R. Хаубата е од карбон, стаклата се олеснети, тркалата се ковани, спортскиот издув е оптимиран, се заради заштеда во тежина. Со мануелен менувач, овој цивилен болид тржи 1.418 килограми.

Цената во Германија за Porsche 911 GT3 почнува од 170.969 евра. Пакетот Touring е бесплатен.