За својот нов модел од средната класа, Mercedes ветува дека тој претставува простор за стресот во секојдневието да се остави зад себе и нуди време за отпуштање во сопствената зона на комфор.

Во две подрачја е ставен најголемиот нагласок при развојот на новиот Mercedes C-Class: На ефикасноста и на дигитализацијата. Лимузината и комбито се конструирани како комфорна зона што ќе биде делотворна и во иднината. C-Class се претставува како своевидно прибежиште, што ги спојува спортската нота и комфорот, како спротивности, со ефикасност, емоции и интелигенција. Mercedes вели дека тоа е модерен луксуз.

Кампањата за новиот Mercedes C-Class е започната, а моделот во минатата недела доживеа и македонска премиера во салонот на Мак Аутостар. Во следните денови и македонскиот Mercedes ќе започне со промовирање на овој мошне значаен модел. Во кампањата за новата C-Class се прикажуваат традиционалните вредности на Mercedes, како што се безбедноста и комфорот, додека во исто време се става нагласок на времето и на релаксацијата, од гледиште на луксузот.

Mercedes преку кампањата ги поканува своите клиенти да го остават товарот на секојдневието зад себе и да се релаксираат таму каде што тие се чувствуваат пријатно – во сопствената комфорна зона.

Интегрален дел од кампањата е игра со спротивностите. На сцените во видеата и на принтовите се забележуваат контрастни бои: Црвени површини ја претставуваат живоста во секојдневието, додека бели тонови пренесуваат смиреност, отпуштеност и место за повлекување во сопствена, комфорна средина.

Глобалната кампања започна со дигиталната светска премиера на C-Class на 23-ти февруари и истата беше мошне забележана и на профилите на Mercedes во Македонија. ТВ-спотот во Германија почна да се емитува на 7-ми јуни, а од 11-ти јуни е пуштен и на јутјуб-каналот на марката за германскиот пазар. Во вечерта на 19-ти јуни, во сабота, на меѓународните канали на Mercedes на друштвените мрежи ќе стартуваат верзиите на видеоспотот во должини од по 30 и 60 секунди – исто и на јутјуб.

Агенцијата што е одговорна за идејата, концептот и реализацијата на кампањата е antoni garage. Песната во спотот е дело на Џејмс Вилијам Блејдс, насловена „Mercedes Interlude“.