Откако го доживеа своето американско деби на Тајмс Сквер, Kia EV6 отсега е достапна за резервација во татковината на Tesla. Од специјалната серија First Edition за одбележување на стартот ќе се изработат само 1.500 примероци за пазарот во САД. Испораката ќе започне во првиот квартал во 2022 година.

Многу опрема и импресивна напредна технологија за специјалната серија First Edition од новиот електричен модел на Kia. Конструирана врз посебна платформа што е наменета само за неа, Kia EV6 во специјалната серија First Edition поседува проекциски дисплеј со унапредена реалност, далечинско паркирање, сончев покрив, тркала од 20 инчи, озвучување Meridian со 14 звучници, но и два електромотори и батерија од 77,4 киловатчасови.

Возилата од серијата ќе бидат лакирани во Urban Yellow во комбинација со црни седишта, Glacier White со темнозелени седишта и Steel Gray Matte со црни седишта. Жолтата боја на каросеријата и темнозелената боја на седиштата ќе бидат ексклузивни за серијата што ќе се изработи во само 1.500 примероци. За ексклузивноста ќе сведочат плочката со серискиот број на моделот во кабината и осветлените плочки на праговите.

Резервацијата за EV6 чини 100 евра, кои се повратни во случај на откажување на истата; Kia наскоро ќе ги објави цените за специјалната серија, иако е сосем извесно дека таа ќе биде распродадена, дури и за рекордно кусо време

Американскиот огранок на Kia им нуди и избор од три подароци на купувачите на серијата EV6 First Edition. Може да се избира меѓу домашен електричен полнач, кредит кај оператор на мрежата од полначи или Apple iWatch, кој ќе биде можне корисен за низата нови услуги што се достапни преку Kia Connect.

Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил