Тоа што Mercedes-Benz S-Class го прави совршено, Mercedes-Maybach S-Class го прави уште посовршено. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 18 сантиметри во споредба со долгата каросериска изведба на „бенцот“. Тој простор оди исклучиво во корист на патниците назад. Седиштата стандардно се во изведба Excecutive, а исто така е стандард и т.н. шоферски пакет. Задната клупа се претвора во канцеларија или во простор за релаксација.

Maybach S-Class може да вози во варијантата S 580 4Matic со осумцилиндарец со стартер-генератор од 48-волти и во варијанта S 680 4MATIC, со познатиот мотор V12 (М279), кој сега првпат се нуди со погон на сите тркала.

Сите непосакувани звуци се потиснуваат со посебен систем, сличен како кај слушалките кои прават да исчезне бучавата во средината. Овој систем е дел од просторното 4D-озвучување од специајлистот Burmester.

Неколку повпечатливи ставки од дополнителната опрема:

maybach mercedes s-class

  • Двобојна каросерија, во десет варијанти на бои, изработена во манир на врвен занаетчија. Цена во Германија: 14.875 евра.
  • Електрично задвижувани задни врати, истите може да се интегрираат во MBUX, обично замавнување со дланка ги отвора или затбора, нема потреба да се допира вратата. Цена во Германија: 1.606,50 евра.
  • Управувана задна оска. Цена во Германија: 1.547 евра.
  • Револиционерни дигитални светла што ги проектираат симболите и знаците врз патот, DIGITAL LIGHT. Цена во Германија: 2.249,10 евра.
  • Посребрени чаши за шампањ. Цена во Германија: 3.808 евра.

И, цените на Maybach:

Mercedes-Maybach S 580 4MATIC · Цена во Германија: 164.565,10 евра

Mercedes-Maybach S 680 4MATIC · Цена во Германија: 217.323,75 евра

Mercedes-Maybach S-Class