Купувачите ќе можат да избираат меѓу 16 моделски изведби од серијата „Launch Edition“, со осум купе и кабриолет изведби, во најомилените бои и комбинации на опрема. Цените ќе стартуваат од 99.000 евра, за кабриолетот треба да се доплати 7.000 евра.

Срцето на Stingray е најновата генерација на 6,2-литарскиот Small Block-мотор, кој е единствен атмосферски мотор V8 во својата класа. Моќноста изнесува 475 КС при 6.450 вртежи во минута, а вртежниот момент достигнува максимум од 613 њутнметри при 4.500 вртежи. Европската изведба забрзува за 3,5 секунди до темпо сто. Крајната брзина изнесува 296 km/h.

Автомобилите за Европа стандардно се опремуваат со перформанс-пакетот Z51. Во пакетот спаѓаат суспензија со мануелно дотерување на пружините, сопирачки Brembo со поголеми дискови и со канали за ладење во браникот, електронска блокада на диференцијал, скусен краен преносен однос, спортски издув и пакет спојлери, како и спортски гуми Michelin.

Комфорната и функционалната опрема исто е побогата во споредба со моделите за американскиот пазар. Проекциски дисплеј со навигација, озвучување Bose со 14 звучници, задна камера и седишта со греење и проветрување се стандард. Оваа варијанта ќе биде достапна дури во почетокот на следната година. Моделите од серијата Launch Edition располагаат со највисокото ниво на опрема и со карбонски детали за каросеријата.

Chevrolet Corvette првпат во 67-годишната историја се произведува и во верзија со десен волан.

>>> Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон