Двата најнови модели на Audi ја прикажуваат емотивната страна на електричниот погон. Купето со четири врати e-tron GT има мошне впечатлив изглед, електричниот погон користи врвна техника.

Секоја оска има по еден електромотор, заедничката моќност им изнесува 476 КС во Audi e-tron GT quattro, односно 598 КС во RS e-tron GT. Соодветно се импресивни и вредностите за вртежниот момент: 630 Nm, односно 830 Nm. Со батерија од 84 kWh се постигнува досег до 488 километри. Посебноста на автомобилот е во 800-волтната техника што овозможува мошне брзо полнење на батеријата.

RS e-tron GT е новиот електричен знаменосец на Audi. Спринтот до темпо сто трае 3,3 секунди, а крајната брзина е ограничена на 250 km/h. За подвозјето може да се избере трикоморна пневматска амортизација и електронски регулирана блокада на диференцијалот назад. Сопирачките дискови може да бидат обложени со волфрамов карбид, за уште поубедливи перформанси на истите. Целината ја заокружува вештачки произведен спортски звук на e-tron. Опција се и тркала со пречник до 21 инчи, управување на сите тркала, матрични диодни светла со ласерско светло или облоги на седиштата што во голем дел се состојат од рециклиран материјал.

Со почетокот на испораката на e-tron GT, Audi го започнува и следното поглавје од светската кампања „Future is an attitude“. Главен лик во кампањата е актерот и продуцент Том Харди, долги години амбасадор на марката. ТВ-спотот „Passion Creates Progress“ е изработен со иновативна технологија што во реално време ги рендерира виртуелните средини. Кампањата оди и онлајн.

Audi e-tron е најпродаван премиум електричен автомобил

Четирите прстени“ лани беа најголем производител на електрични возила меѓу трите германски премиум марки. Моделите Audi e-tron и e-tron Sportback лани ја зголемија продажбата за 79,5 во споредба со 2019 година. На клиентите им беа испорачани 47.324 примероци од двата модели.

Audi e-tron
Audi e-tron

Audi денес нуди модели со хибриден или електричен погон во повеќе од 80 проценти од својата моделска гама. До крајот на годинава Audi ќе има вкупно седум различни модели со чисто електричен погон. До 2025 година се планира понудата од електрични автомобили да се состои од повеќе од 20 модели. Паралелно се зголемува и бројот на модели со приклучен хибриден погон.

Audi e-tron GT како будилник за ерата во којашто живееме