Новиот модел на Renault ќе ја носи ознаката Mégane E-Tech Electric и ќе стартува со продажба веќе в година. Се најавуваат и промени во начинот на ракување во кокпитот.

Новиот бран, „Nouvelle Vague“, носи големи и бројни новини во Renault, во знак на стратегијата за одржливост во француската марка. Новиот шеф Лука де Мео кажа многу звучни пароли во име на компанијата, сите во духот на „Ренолуцијата“ (Renaulution), но секако дека не се останува на празни најави.

Renault работи на масовна електрификација во својата понуда од модели. До 2025 година треба да се појават седум нови модели во компактната и средната класа, кои ќе користат електромотор во погонот. Првиот модел во оваа серија е купе-теренецот Arkana, кој меѓу другото привлекува многу внимание и со стилот.

Со голема возбуда се очекуваат новите комплетно електрични модели. Групацијата Renault моментно има само два патнички автомобили со погон на струја, едниот е Zoe, вториот е Dacia Spring. Клучна промена во оваа понуда ќе донесе новиот Mégane E-Tech Electric, кој пристига в година.

Француската марка уште не открива детали за серискиот модел што ќе произлезе од концептниот автомобил Mégane eVision. На сликата се гледа еден дел од опашот, со светлечка лента по целата ширина и со новото лого на Renault. Формата на светлата е речиси непроменета од концептниот Mégane eVision, единствено отсуствуваат вертикалните диодни ленти.

Батерија од 60 kWh и моќност од преку 200 КС се сосем реални вредности за серискиот модел што ќе произлезе од Renault Megane eVision

Не се откриваат детали и околу погонот. Може да се очекува дека Renault за својот компактен модел на струја ќе ја користи модуларната платформа CMF-EV. Концептниот автомобил eVision располага со батерија од 60 kWh, а електромоторот постигнува 217 КС и 300 њунтметри. Тоа се мошне веродостојни податоци за сериски автомобил. Mégane E-tech Electric ќе се води како посебен модел од новата генерација на Mégane, којашто и натаму ќе користи обични мотори, дел во комбинација со електромотор.

New item by Automedia MK / Google Photos

Renault најави и нов хибриден погон за своите модели. Тој се состои од 1,2-литарски трицилиндарец и електромотор. Новиот погон првпат ќе се појави во модел на Renault во 2022 година, со моќност од 200 КС и со погон напред. Две години подоцна ќе се понуди и изведба со приклучен хибриден погон, со 280 КС и со погон на сите тркала. Французите не посочија во кои модели конкретно ќе се вградуваат овие погонски единици, но генерално се работи за модели од повисоките сегменти.

New item by Automedia MK / Google Photos

Меѓу новините што беа прикажани денес се наоѓаат и две фотографии од кокпитот на Megane E-Tech Electric, на коишто се забележуваат дигитални инструменти во иста линија со средишен дисплеј за ракување. Соодветно на тоа и кокпитот е растоварен од прекинувачи и команди, со поголем нагласок ставен на широките отвори за воздух и на амбиенталното осветлување.

Целта на новиот шеф Лука де Мео е Renault до 2030 година да прерасне во „најзелена марка во Европа“, со 90 проценти удел на моделите со електромотор во погонот во вкупната продажба на марката.

>>> Следниот Renault Megane ќе вози на струја

Renault Megane eVision