Новата генерација на Škoda Fabia ја прослави својата светска премиера пред помалку од два часa. Целиот настан се пренесуваше во живо од Центарот за современа уметност Докс во Прага.

Фановите од цел свет присуствуваа на премиерата на Škoda Fabia буквално од прв ред, додека шефот на марката, Томас Шефер, го претставуваше новиот автомобил преку пренос во живо. Секако дека Аутомедиа веднаш објави детално за новиот модел на чешката марка. Тоа што прави настанот да биде уште повеќе посебен е можноста за виртуелниот павилјон да се посети и по премиерата. Снимка од настанот и други видеа може да се погледнат на skoda-virtual-event.com. Во салонот може да се добие преглед на новата Fabia во 360 степени – секако, сето тоа е достапно и преку паметен телефон.

Четвртата генерација на Fabia беше претставена на динамично шоу во дигитално изработена верзија на прочуениот Центар за современа уметност Докс во Прага. Во виртуелниот павилјон на skoda-virtual-event.com може да се посетат најразлични подрачја. Секако не смее да се пропушти чет-румот на терасата Next Level, каде што дизајнерите на Škoda зборуваат за изгледот на новата Fabia.

Цепелинот што лебди над терасата е претворен во кино, каде што може да се гледаат видеа за развојот, дизајнирањето и тестирањет на новата Fabia. Во салонот, гостите можат да го погледнат автомобилот од сите агли.

Во секој случај, настан што љубителите на технологијата ќе ги одушеви. И не само нив. Препорака, користете го телефонот.

>>> https://skoda-virtual-event.com/