Предните и задните светла оставаат силен впечаток во изгледот на новата Škoda Fabia. Тие во исто време укажуваат и на новата техника што ја добива омилениот популарниот модел.

Škoda го подгрева расположението со првите официјални нацрти за дизајнот на четвртата генерација на Fabia. Омилениот градски автомобил на чешкиот производител ќе биде значително поголем, подинамичен и поемотивен од успешните претходници.

Преоѓањето на модуларната платгформа MQB-A0 на концернот Volkswagen овозможува нови пропорции и уште повеќе простор за патниците и за багаж. Силен печат оставаат и предните и задните светла со остра форма и со диодна техника. Светската премиера на новата Škoda Fabia ќе се одржи во мај.

Издолжениот кровен спојлер со странични перки, заедно со аеродинамично оптимираните ретровизори и со активната решетка во долниот отвор за воздух се грижат за врвна аеродинамичност.

New item by Automedia MK / Google Photos

На скицата од предните диодни светла што директно преоѓаат во маската, LED-модулите изгледаат како коцки мраз. Се забележува и дневно светло во форма на L. Типичните кристални структури за Škoda се повторуваат и во задните светла, кои исто така ќе бидат достапни во целосно диодна изведба.

Од воведувањето во 1999 година, Škoda Fabia се вбројува меѓу најпродаваните модели во класата. Првата генерација за осум години беше произведена во 1,79 милион примероци. Актуелната генерација се појави во 2014 година и преклани беше втор најпродаван модел на марката, по Octavia. Вкупната продукција изнесува околу 4,7 милиони возила, помалку само од Octavia.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Фино брусење за Škoda Kodiaq