Пионерски момент за Cadillac. Електричниот Lyriq е претставен во сериската изведба, нарачките стартуваат во септември, испораките следат во првата половина од следната година.

Рори Харви, заменик претседател на Cadillac, има големи ветувања: „Во следната декада, Cadillac ќе ја обликува иднината на луксузниот транспорт преку серија возбудливи електрични возила, а почетокот го одбележа Lyriq. Електричниот СУВ ја користи платформата Ultrium, за којашто и досега се зборуваше многу.

Батерија од 100 kWh испорачува енергија до електромоторот на задната оска, со моќност од 340 КС и вртежен момент од 440 Nm. Производителот цени дека Lyriq ќе минува близу 500 километри со полна батерија.

Петметарскиот луксузен СУВ од големата американска марка ќе користи брзи полначи со моќност до 190 kW. Во таков случај, енергија за 120 километри пат ќе се полни за само 10 минути. При користење домоашен полнач од 19,2 kW, за еден час ќе се полни енергија за околу 80 километри пат.

Cadillac Lyriq ќе биде достапен со Super Cruise, прв автопилот што не бара возачот да ги држи рацвете на воланот. Американците ќе вградуваат и 33-инчен дисплеј во кокпитот, ќе користат и систем за поништување звуци, тенки светла со „кореографирано“ осветлување, AKG озвучување, дигитален клуч. Тркала од 22 инчи се веќе стандардна работа.

Цената почнува од 59.990 долари, односно близу 50.000 евра. За производството е задолжена фабриката во Спринг Хил, Тенеси, во којашто се инвестираа 2 милијарди долари. Дополнителни 2,3 милијарди долари се вложуваат во фабрика за батерии во градот, заедничка инвестиција со LG Energy Solution.

Рекламата за Cadillac Lyriq го чека првиот следен светски настан, а тоа е доделувањето на Оскар, на 25-ти април.

https://www.instagram.com/p/CLUfcXTBtDp/

https://www.instagram.com/p/CN2pcRKMvjM/