Volkswagen Polo се вбројува меѓу најуспешните модели во својата класа, како на германскиот пазар, така и на голем број пазари ширум светот. Од 1975 година досега се продадени околу 18 милиони примероци.

Volkswagen ја продолжува историјата на Polo што е долга повеќе од 45 години. Виртуелната премиера на новата генерација на помалиот брат на Golf ќе се случува на 22-ри април. Моделот во својата долга историја претрпе најразлични трансформации, од лимузина што во бројните генерации постигнуваше фантастичен успех, преку моќно мини-купе G40, до трендовска кросовер изведба Cross Polo. Секако дека не недостигаше и изведба GTI.

Во поглед на дизајнот, Volkswagen Polo не правеше многу различно од тоа што го правеше Golf. Во сите генерации на моделот, Polo беше убаво стилизиран модел со препознатлива појава и без многу експерименти, модел за секоја пригода, што не излегува од мода.

Новата генерација на моделот исто така ќе биде само надградба на познатата форма. Детали, како светлечките ленти и диодните светла сепак ќе означат дека станува збор за актуелен модел што ја следи технологијата.

Сите детали ќе бидат познати во четврток, на 22-ри април. Volkswagen најавува бројни нови технологии, дигитални инструменти и користење најразлични онлајн-услуги благодарение на напредното вмрежување.

>>> Вака се тјунира Volkswagen Tiguan во американски стил