Семејниот СУВ со погон чисто на струја денес имаше премиера на Ауто Шангај 2021. Volkswagen ID.6 е прв модел од семејството ID што е развиен само за еден пазар. Седумседот вози со погон на сите тркала и со моќност од 225 kW во топ-изведбата.

Марката Volkswagen дополнително ја забрзува електричната офанзива во Кина. На Ауто Шангај доживеа премиера ID.6, третиот модел од семејството ID. На големиот пазар ќе бидат достапни две изведби. ID.6 CROZZ се прозиведува на северот на Кина, додека ID.6 X доаѓа од југот. Приспособливиот автомобил со универзални таленти нуди место за седум патници. Целта е јасна, Volkswagen треба да стане најценета марка за одржлива мобилност во Кина.

Ралф Брандштетер, извршен директор на марката потсетува дека до 2030 година половината од продажбата на Volkswagen во земјата ќе отпаѓа на електрични автомобили. До 2023 година, марката ќе нуди вкупно осум модели ID, со коишто ќе се покријат сите сегменти на пазарот. Масивната примена на технологијата овозможува таа да може по достапна цена да се понуди и во помалите автомобили.

New item by Automedia MK / Google Photos

Исто како компактниот ID.3 – во меѓувреме во продажба и во Македонија – и СУВ-изведбата ID.4, големиот ID.6 ја користи платформата MEB. Со користењето на истата технологија се овозможува и квалитетот на производството да биде ист насекаде ширум светот.

Volkswagen ID.6 е посебно развиен за кинескиот пазар во поглед на просторноста, функционалноста, дизајнот, а особено во корисничкото ускуство.

Седумседот се исдвојува со просторноста во кабината и внесува нови моменти во осветлвуањето и материјалите во истата. ID.6 се нуди во четири изведби на опрема, со досег до 588 km (China-NEDC) и моќност до 225 kW. Помалата батерија располага со 58 kWh, поголемата има 77 kWh, што соодветно овозможува досег до 436, односно 588 километри. Во нанјсилната изведба со погон на сите тркала, спринтот до темпо сто трае 6,6 секунди, а крајната брзина изнесува 160 km/h.

Со должината од 4,88 метри, ID.6 е 30 сантиметри подолг од ID.4. Екстра просторот е искористен за трет ред седишта. Тркалата имаат пречник од 19 до 21 инчи, вториот ред седишта се мести по должина, може да се нарача и голем стаклен покрив.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во кокпитот нема прекинувачи, до функциите се пристапува преку дисплеј од 12 инчи. Секако може да се задаваат и говорни команди. Тенката светлечка лента под ветробранот поставува посебен печат. Проекциски дисплеј што ја збогатува реалноста исто така им е достапен на кинеските возачи – стрелките на навигацијата се прикажуваат како да се нацртани на патот. Системи за асистенција не недостигаат, исто како и системи за полу-автопилотирано возење.

>>> Volkswagen ID.3 почнува нова автомобилска ера во Македонија