Најголемиот конкурент за S-Class доаѓа од самиот Mercedes. Новата луксузна лимузина Mercedes EQS во основата е чисто електрична изведба на S-Class. За разлика од останатите модели од семејството EQ, крстосувачот на батерии користи сопствена платформа, развиена посебно за него.

Суштинската разлика во погонот меѓу традиционалната S-Class и електричниот EQS се гледа и во дизајнот на возилото. Електричниот Mercedes е долг 5,22 метри и потсеќа на студискиот автомобил Vision EQS што беше прикажан во 2019 година. Со долго меѓуоскино растојание, со линија на покривот што минува во голем лак по должината на каросеријата, EQS изгледа многу поразлично од S-Class и од кој било класичен модел од луксузната класа.

Една од клучните предности на Mercedes EQS е досегот. Во изведбата со најголема батерија, тој достигнува 770 километри. Основната изведба на моделот сепак ќе минува помалку километри со едно полнење, но затоа ќе биде и подостапна. Се очекува цената на основниот модел да се движи околу 100.000 евра. Продажбата ќе започне во август. Гамата ќе ја дополнуваат изведба во режија на AMG со моќност од преку 760 КС, како и уште полуксузна изведба под знакот на Maybach. Тие моделски изведби може да се очекуваат в година.

Тоа што е најочигледно, Mercedes со EQS ја напушта класичната лимузинска форма. Електричниот крстосувач се одликува со куси каросериски превиси, екстремно долго меѓуоскино растојание од 3,21 метри и кабина со покрив чијашто линија се протега од предното до задното тркало. Ветробранот и задното стакло се легнати, а хаубата е куса како кај ван.

New item by Automedia MK / Google Photos

Изгледот на предниот дел го следи познатиот стил на EQ-моделите на Mercedes. Клиентите можат да изберат маската да биде украсена со ситни трикраки ѕвезди. По целата ширина на предниот и задниот дел се протега светлечка лента, што е уште еден белег за EQ. Графиката што ја прикажуваат светлата треба да потсеќа на намотка на електромотор.

Во комбинација со рачки што се впуштени во каросеријата се постигнува исклучително мазна површина, којашто резултира со рекорден коефициент 0,20 за отпорот на воздух. Електричната лимузина привлекува симпатии и со зафатнината на багажникот од 610 литри. Со соборување на задната клупа се добиваат 1.770 литри. Напред не е предвиден простор за багаж, место тоа просторот под предната хауба е сместен голем филтер за во кабината да се постигне најпречистен воздух.

New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes EQS ќе биде достапен со две големини на батерија. Основната изведба ќе располага со капацитет од 90 kWh, додека поголемата изведба на батеријата ќе нуди капацитет од 107,8 kWh. За разлика од конкуренцијата од Porsche, Audi, Kia и Hyundai, кои користат 800-волтна архитектура, Mercedes повеќе верува во 400-волтната техника. При користење полнач од 200 kW, за петнаесет минути ќе се полни енергија доволна за 300 километри пат.

Во „најштедливата“ изведба, EQS со батерија од 107,8 kWh и електромотор од 333 КС на задната оска ќе постигнува досег до 770 километри. Втората верзија на EQS ќе вози со погон на сите тркала и со по еден електромотор на секоја оска. Нејзината моќност ќе изнесува 524 КС. Mercedes користи синхрони мотори со постојана побуда, кои се посебно компактни и ефикасни. За тие што стравуваат дека ќе се смали капацитетот на батеријата, Mercedes гарантира дека тој ќе остане ист во период од најмалку 10 години или 250.000 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Како што најави уште долго пред премиерата, Mercedes во кокпитот на EQS вградува хипердисплеј долг 1,41 метар. Копчиња одвај постојат во електричниот крстосувач, исто како што е случај и во S-Class. Нема експерименти во воланот и во рачките зад него, тој е повеќе класичен во споредба со целосно дигиталната арматурна табла, зад којашто се кријат три големи дисплеи. Хипердисплејот сепак ќе се вградува со доплата, во основната изведба следат два големи дисплеи, исто како во S-Class.

Возачот и совозачот се одвоени со висок тунел, што е несвојствено за луксузните лимузини и повеќе потсеќа на спортски автомобил. Но, тоа е намерата, Mercedes нагласува дека EQS ќе биде автомобил за уживање во возењето. Системот MBUX поседува неколку функции што се специфични за електричниот EQS. Навигацијата, на пример, рутата до избраното одредиште ја пресметува раководејќи се според станиците за полнење и времетраењето на полнењето на батеријата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новина во MBUX-системот во EQS е неговата способност за постојано да учи и на возачот да му нуди брз пристап преку дисплејот до функциите што тој ги користи најчесто и зависно од ситуацијата. На тој начин се поедноставува ракувањето со сложениот систем. Исто е постигнат напредок и во говорните команди. Голем проекциски дисплеј пред возачот се подразбира во оваа класа, исто како и седишта со масажа, греење и вентилација. За седиштата може да се избира меѓу посебно комфорна или спортска изведба.

Голем филтер HEPA ги штити патниците од бактерии, вируси и општо од каква било нечистотија. Mercedes нарача развој на посебен парфем за кабината на EQS. На располагање стојат и три различни колекции за звуци, кои потсеќаат на шумски ветар, морски шум или летен дожд. Има и функција за брза и ефектна дремка за возачот и совозачот – корисно додека се полни батеријата.

Client error: `GET https://graph.facebook.com/v10.0/instagram_oembed?url=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FCNse6O7KoxT%2F&access_token=EAAG5hzKyxakBAPGRtBiytuUVwBi9naRSIxdxXJDvrodemZCNVBsmepLdZCYdZCG08cSbChEzSb7ZA9to0bEANfAol5T7RvNZC71p7K6tmC6WeON4UaV6R24LZBClHVZAKZBg6eJgrDszftuZCdXOZBmnHZBkzxTZBBaQluW3mVETyAZCETbZCJvxo21MX35ZA27TM41YsWq3tZBivGv0jRhrDQjwXTFFIDARsnXmrRCZBFc20gzCWHwZDZD` resulted in a `400 Bad Request` response:
{"error":{"message":"The requested resource does not exist","type":"OAuthException","code":24,"error_subcode":2207045,"i (truncated…)

Големиот автомобил на батерија може да се паркира далечински преку мобилна апликација, а доколку законите го дозволуваат тоа, EQS може да паркира и целосно самостојно. Секако дека електромобилот ќе може и да вози самостојно – во почетокот, тоа ќе биде можно само при застој на некои делници од автопатиштата, до брзина од 60 km/h. За тоа ќе треба да се почека до првата половина од 2022 година. Пневматската амортизација и управувањето на задната оска се стандард. Со вторава техника се овозможува кругот на вртење да се сведе на само 10,9 метри. Покрај тоа, управуваната задна оска при возење по кривулест пат помага да се постигне поголема динамика.

Тежината од 2,5 тони не го спречува EQS да постигнува спектакуларни вредности за забрзувањето. Спринтот до темпо сто трае 4,3 секунди во верзијата EQS 580, со два електромотори со вкупно 524 КС и вртежен момент од 855 њутнметри. Втората верзија EQS 450+ е повеќе наменета за долги патувања без дополнување на батеријата, со моќност од 333 КС и 568 њутнметри. Спринтот кај неа трае 6,2 секунди. Во двете изведби, крајната брзина е ограничена на 210 километри на час.

Mercedes EQS во бројки: 350 сензори, милион пиксели, 600 грами јаглен, 150 фудбалски полиња