Škoda на 13-ти април ќе го претстави освеженото издание на својот голем СУВ-модел Kodiaq. Во споредба со постоечката изведба, највпечатливи измени ќе бидат во повеќе нагласената маска и во новиот изглед на светлата. На првите цртежи и на кусото видео веќе може да се насети како ќе изгледаат тие измени.

Kodiaq добива диодни предни светла, придружени со повпечатливи магленки, со цел да се постигне дизајн со „четири очи“. Тие ќе му дадат помодерен и поавантуристички изглед на големиот СУВ-модел на Škoda, заедно со повеќе исправена маска со шестаголна вотма. Уште една голема промена е новиот изглед на предниот браник, што од двете страни ќе добие панели во форма на L. Средишниот отвор за воздух исто така е поголем, а има и бројни детали со изглед на алуминиум.

Назад се користат традиционалните светла со шема во форма на буквата C, кои ќе бидат потесни и повеќе профилирани во споредба со постоечките. Kodiaq од лансирањето во 2016 година досега се продаде во повеќе од 600.000 примероци. Со него започна тековната понуда од СУВ-модели на Škoda, а тој го одбележа и почетокот на означувањето на СУВ-моделите со имиња што почнуваат со K и завршуваат со Q.