Во понудата од модели на концернот Volkswagen сé е поврзано меѓусебно. Skoda најавува комплетно нова Fabia, во гамата на Polo се враќа моќниот GTI, а на тоа сега реагира и Seat со освежување на своите Ibiza и Arona.

Seat Ibiza и нејзината СУВ-изведба Arona ќе добијат освежување во изгледот во насока на Tarraco, Leon и Ateca. Со тоа ќе следи и темелно преработена внатрешност. Ibiza е едно од најзвучните и најзаслужни моделски имиња за шпанската марка, за нејзиниот имиџ и за успехот.

Од претставувањето на првата генерација на моделот во 1984 година, од темпераментниот градски модел се продадоа повеќе од шест милиони примероци. Тоа е повеќе од кој било друг модел што излегувал од производствената лента во Марторел. Заедно со Ibiza се освежува и Arona. Со моќни детали во изгледот и со нагласок ставен на способноста за возење по терен, компактниот СУВ е подготвен за сите сценарија.

Arona во минатата година беше втор најпродаван модел на Seat. Шефот Вејн Грифитс најавува: „Преработените и подобрени модели го заоструваат профилот на двете возила и одушевуваат со свежиот дизајн.“

Во поглед на функционалноста во дигиталната ера се воведени промени со коишто ракувањето е поедноставено и воведени со нови функции. Исто и материјалите и изработката во внатрешноста на Ibiza и Arona прават уште еден чекор напред од гледиште на квалитетот.

>>> Сесилија Таиеб е новата директорка за комуникации на Seat