Новиот Fiat 500 може да користи полначи со моќност до 85 kW, со што се постигнува мошне кусо полнење на батеријата. Со полна батерија од 42 kWh, електричниот Fiat 500 минува до 320 километри.

Електричниот Fiat 500 располага и со новиот инфо-забавен систем од петтата генерација UConnect 5, вклучувајќи бројни опции за конектирање и дисплеј на допир од 10,25 инчи. Според соопштението од Аутомобиле СК, новиот 500 е опремен со „Напредни системи за помош на возачот“ кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно. Тој е прв автомобил во својот сегмент што е опремен со автономно возење од ниво 2.

Понудата на тековниот модел Fiat 500 на домашниот пазар со бензински мотор 1.2 69 КС и благ хибриден мотор од 70 KC ќе биде на располагање пролетва, освежена со пет нови пакети на опрема, нови бои и нов ентериер: Cult, Connect, Dolcevita, Cross и Sport.

Официјална комерцијализација на електричниот 500 на нашиот пазар се очекува да започне во текот на следната година.