Toyota денес ги објави деталите за посебната изведба Adventure во гамата на Yaris Cross, која што ќе става повеќе нагласок на теренските способности на моделот. Јапонскиот производител најавува дека новата изведба на градскиот СУВ ќе има сосем различен карактер од изведбата Elegance што беше прикажана при светската премиера на моделот лани.

Изведбата Adventure се разликува по заштитата на подвозјето напред и во заштитната плоча назад. Сребрени кровни носачи се стандард, исто како и алу-тркала од 18 инчи во темносива боја. Внатрешноста прикажува детали лакирани во пијано црна боја, а таванот исто е црн.

Седиштата обложени со вештачка кожа се пофеќе профилирани и имаат украсни линии во средишниот дел. По ширината на арматурната табла минува линија во златна боја, којашто преминува и во вратите и воедно е заштитна боја на Yaris Cross. Воланот и рачката на менувачот се обложени со кожа.

Toyota ќе понуди и специјална изведба базирана врз Adventure. Под името Premiere Edition, оваа моделска изведба раполага со кожени седишта и ексклузивни тркала од 18 инчи со посебна изработка. Задниот поклопец се отвора автоматски со замавнување со нога под браникот, понатмау со проекциски дисплеј, а по желба и со каросерија во две бои. Premiere Edition ќе се произведе во ограничена серија и ќе биде достапна во првите 12 месеци, само по нарачка.

https://photos.app.goo.gl/hSuXpZaGfKRncZVL7

Yaris Cross е конструиран врз истата платформа GA-B со Yaris, има зголемено растојание од подлогата и соодветно повисоко седење. Дел од гените потекнуваат од Toyota RAV4 и од кросоверот C-HR. Платформата обезбедува висока крутост на каросеријата, ниско тежиште и подвозје што балансира меѓу комфор и динамични возни својства.

Хибридниот погон е достапен во сите изведби на Toyota Yaris Cross, со комбинација од 1,5-литарски мотор и електромотор, со системска моќност од 116 КС. Емисијата на СО2 во изведбите со преден погон ќе биде под 100 g/km, што е под вредноста од 110 g/km за верзиите со погон на сите тркала AWD-i.

Интелигентен погон на сите тркала во Toyota Yaris Cross

Yaris Cross е единствен модел со полн хибриден погон во својата класа што е достапен и во изведба со погон на сите тркала AWD-i. Автоматскиот погон на сите тркала може со притисок на копче да се префрли и во режим за теренско возење, односно во режим за снег. Системот е исклучително компактен, брз и сигурен, затоа што е изведен со втор електромотор кој испорачува погон за задната оска.

https://photos.app.goo.gl/b9GUJ722ww2BksFB9

Дизајниран за Европа и произведен во Европа, во фабриката на Toyota во Валенсјан, Франција, новиот Yaris Cross ќе стсартува со нарачки во вториот квартал од годината, а испораките треба да почнат во септември.

>>> Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа