Mercedes уште еднаш се јавува со детали од идниот електричен знаменосец EQS. До официјалната премиера останува уште доста време, но сосем доволно за светот целосно да ги запознае сите промени што ги носи овој историски важен автомобил и за Mercedes и општо за автомобилизмот.

Mercedes во електричниот S-Class користи повеќе дизајнерски целини што се познати од останатите модели од Штутгарт. Посебен печат и потсетување дека се седи во електричен автомобил ставаат деталите во боја на бакар, кој е еден од најдобрите проводници на електрична струја и EQ го користи како знак на препознавање. Бакарните детали дополнително ја облагородуваат арматурната табла со елегантна форма што е својствена за знаменосците на Mercedes.

Отворите за воздух се протегаат речиси по целата ширина на кабината и изведени се како тесен канал. Воланот директно доаѓа од Mercedes S-Class и на него не постојат прекинувачи, затоа што целото ракување се одвива преку допир. Големиот спектакл се случува зад воланот, таму каде што е огромниот дисплеј MBUX-Hyperscreen, достапен со доплата.

MBUX-Hyperscreen е достапен како опција, во стандардното ниво се вградуваат два големи дисплеи

Широкиот и заоблен дисплеј се состои од три единечни дисплеи. Пред возачот се наоѓа дисплеј од 12,3 инчи (31 cm), средишниот дисплеј е со пречник од 17,7 инчи (45 cm), дисплејот пред совозачот има пречник исто така од 12,3 инчи, односно 31 сантиметри. Покрај тоа што остава посебен впечаток, широкиот MBUX-Hyperscreen се одликува и со сосем различниот начин на ракување со истиот.

https://photos.app.goo.gl/k5xDzCkvSEi9ZHx1A

https://photos.app.goo.gl/LJc1FYqvR6WDiMAs5

Вештачката интелигенција се грижи на дисплеите секогаш да се прикажува содржината што е потребна во дадениот момент. Целата површина под стакло е широка 1,41 метар и изгледа како да е изработена од едно парче. За разлика од Mercedes S-Class, за местење на силината на звукот не се користи сензорското поле под дисплејот, туку за таа цел служи посебно поле за ракување во средишната конзола. Во основната изведба, Mercedes EQS има ист кокпит со S-Class, односно дигитални инструменти од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 12,8 инчи.

Лимузината долга 5,21 метри со електричен погон се одликува со посебно просторна внатрешност

Електричниот Mercedes EQS е долг 5,21 метри и конструиран е врз новата платформа EVA. Клиентите ќе можат да избираат меѓу две изведби на седиштата: Комфорни „фотелји“ или спортски седишта. Комплициран HEPA-филтерски систем ќе се грижи патниците да останат поштедени од надворешните влијанија, како полен, PM-честички и непријатни миризби. За пријатното чувство дополнително ќе се грижи и активно парфемирање на кабината.

Светлосните и звучните ефекти го надградуваат пријатното чувство во Mercedes EQS

Звуците се посебно важни кај електричните автомобили – затоа што не постои звук од погонот. Додека кај класичните мотори, во заднина секогаш се слуша нивниот звук, кај електричните автомобили доминираат звуците од подвозјето и од струењето на воздухот. Mercedes ќе го смени тоа преку сосем ново доживување на звукот во возилото.

Патниците ќе можат да избираат меѓу три различни колекции на звуци, именувани Silver Waves, Vivid Flux и Roaring Pulse. Посебни звуци се испуштаат уште кога сопственикот ќе се приближи до EQS. Сето тоа е дел од различното чувство што Mercedes има цел да го понуди во луксузниот автомобил со електричен погон.

https://photos.app.goo.gl/RxRyXkLiYTfWfzjx5

https://photos.app.goo.gl/iNQAqFSr5RMY5nyy7

https://photos.app.goo.gl/6N73QLSHizsjNirc8

>>> Целиот кокпит на електричниот Mercedes EQS ќе биде џиновски заоблен дисплеј