Од малата, но важна работилница во Сан Чезарио Сул Панаро, од којашто излегуваат едни од најисклучителните автомобили на денешницата, порачуваат дека нивниот нов Pagani Huayra R претставува „празник на перформансите, технологијата и уметноста применета на тркачки автомобил“.

Pagani Huayra R е автомобил кој буквално не познава граници. Италијанците ја применија сета своја инженерска вештина и познавањата од аеродинамиката, за преку овој автомобил за тркачка патека да го прикажат технолошкото ниво што го има достигнато Pagani Automobili.

Изгледот на Huayra R се раководи според чистите линии на тркачките прототипи од Леман од 1960-те и 1970-те години, од времето на големите тркачки легенди на маратонските трки. „Денешните тркачки автомобили се ориентираат исклучиво според аеродинамиката и се производ од воздушните тунели. Автомобилите во 60-те и 70-те години беа многу брзи, опасни, но прекрасни“, коментира Хорацио Пагани. Сопственикот на компанијата и поранешен главен конструктор во Lamborghini, зборува за прототипи како Ferrari P4 или Ford GT40.

New item by Automedia MK / Google Photos

Porsche 917 е фаворит на Пагани, со „романтичната, но впечатлива форма, којашто оддава впечаток на многу брз автомобил. Тој е прекрасен, елегантен и безвременски. Од таа желба за слобода и од искуството со Zonta R и автомобилите од минатото, се роди идејата за Huayra R, како здив свеж воздух.“

Сличен момент во историјата на италијанскиот производител беше претставувањето на Zonda R на салонот во Женева во 2009 година. Хиперавтомобилот беше изработен со примена на ексклузивни материјали од аеронаутиката и од формула 1, со изглед на автомобил за тркачка патека.

New item by Automedia MK / Google Photos

По повеќе од десет години, Pagani го прикажува новото поглавје на таа тема, преку Huayra R. „Во 2008 година работевме на Huayra, проект со многу предизвици од гледиште на инженерингот и на дизајнот. По бројни години, почувствував неодолива желба за слобода и така произлезе Zonda R, тркачки автомобил без ограничувања и без правила. Прекрасен, со високи перформанси и безбеден. Huayra E, исто како Zonda R, е најслободниот, најекстремен и најбрз автомобил на Pagani на сите времиња“, гордо коментира Хорацио Пагани.

Клучните обележја на Pagani Huayra R:

– Најисклучителен хиперавтомобил на Pagani, што е изработен исклучиво за тркачка патека

– Нов Pagani V12-R, исклучителното срце на Huayra R

– Атмосферскиот V12 создава моќност од 850 КС и вртежен момент од 750 Nm

– Максимални перформанси на тркачка патека, со црвено подрачје што почнува на 9000 вртежи

– Подвижна лабораторија за истражување на технологијата за идните модели на Pagani

– Празник на парформансите, технологијата и уметноста применета на тркачки автомобил

– Врв на технолошкиот развој на Pagani Automobili, спакуван во само 1.050 kg

– Највисоки стандарди за безбедност

– Arte in Pista: Ново, ексклузивно искуство на тркачка патека, скроено точно според клиентот

– Серија ограничена на само 30 примероци

– Основна цена: 2,6 милиони EUR + даноци

>>> Ова се сите рекорди на Нирбургринг, официјално