Бестселерот Octavia и знаменосецот Superb во кросовер-изведбата Scout добиваат нови мотори. Кај првиот модел, тоа е 2.0 TSI со 190 КС, во комбинација со погон на сите тркала и 7-степен DSG. Големото комби Scout доби топ-изведба 2.0 TSI со 280 КС, исто така во комбинација со погон 4х4 и седумстепен DSG.
Моќен дволитарец со 190 КС ја дополнува понудата од мотори во гамата на Octavia. Моторот е од новата генерација Evo и се нуди во комбинација со ниво на опрема Style или во комби-изведбата со зголемена теренска проодност Scout. Спринтот на 2.0 TSI 190 до темпо сто трае 6,8 секунди, крајната брзина е 239 km/h. Максималниот вртежен момент изнесува 320 Nm.
Нова топ-изведба во понудата на Superb Scout доаѓа со мотор 2,0 TSI со 280 КС, во комбинација со менувач DSG и со погон 4×4. Вртежниот момент на врвниот бензинец достигнува 400 њутнметри. Комбито од средната класа со изглед на теренец и зголемено растојание од подлогата спринтува до темпо сто за 5,3 секунди. Крајната брзина изнесува 250 km/h.
Освен со 2.0 TSI со 280 КС, Superb Scout од претходно се нуди и со новиот 2,0 TDI со 200 КС. Топ-бензинецот е достапен и во нивоата на опрема Style и Laurin & Klement, како и во варијантата со динамична нота Sportline.
Цените на новите моделски изведби на Superb во Порше Македонија:
SUPERB SCOUT 2,0 TSI 4×4 DSG 206 kW (280 КС) · 41.770 евра
SUPERB 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 37.070 евра (Ambition), 41.840 евра (Style)
SUPERB COMBI 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 38.070 евра (Ambition), 42.840 евра (Style)
SUPERB SPORTLINE 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 41.390 евра
SUPERB COMBI SPORTLINE 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 42.390 евра
SUPERB SCOUT 2,0 TDI 4×4 DSG 147 kW (200 КС) · 41.910 евра