BMW iX е автомобил од иднината што Баварците го нудат сега. Дизајнот е комплетно различна приказна, луксузот се доживува на друг и понтензивен начин. Електричниот кросовер поставува нови мерила во поглед на автопилотираното возење, ракувањето, вмрежувањето и дигиталните услуги.

Минхен јавува дека привршува тестирањето на BMW iX, пред неговото влегување во сериско производство и почетокот на испораката којшто ќе следи кон крајот на годината. BMW откри неколку информации околу двете моделски изведби што ќе стојат на располагање во почетокот. Меѓу тие информации е и најважната, цената.

Двете моделски варијанти ќе носат ознака iX xDrive50 односно iX xDrive40. Тоа е прв модел што е конструиран врз новата, модуларна платформа. Посебен нагласок е ставен на одржливоста на животната средина. Еден детал што сведочи за тоа е фактот што во производството на iX се користи исклучиво струја од обновливи извори, конкретно од хидроцентрала во близина на фабриката на BMW во Динголфинг.

New item by Automedia MK / Google Photos

Цената на револуционерниот модел на BMW на германскиот пазар ќе изнесува 77.300 евра за верзијата iX xDrive40. Тоа значи дека електричниот кросовер чини исто колку X5 со класичен мотор со споредлива моќност.

BMW не користи ретки метали во електромоторите на iX

Електромоторите на BMW iX се конструирани така што нема потреба од користење на ретки метали. Тие работат според принципот на синхронен електромотор со електрична побуда. Место да се вградуваат постојани магнети, роторот во моторите на BMW iX се побудува преку доток на електрична енергија. Така отпаѓа потребата од магнети што се изработуваат од ретки метали.

New item by Automedia MK / Google Photos

Оваа конструкција носи предности и во перформансите, затоа што роторот може да се побудува мошне прецизно и максималниот вртежен момент се постигнува многу рано. За разлика од обичните електромотори, вртежниот момент се одржува на постојано ниво и при високи вртежи. Тоа оди во корист на спортскиот имиџ на BMW.

Во изведбата iX xDrive50 се вградува електромотор на предната и на задната оска, со заедничка моќност од преку 500 КС. Спринтот трае под пет секунди. Основниот модел iX xDrive 40 располага со моќност од 300 КС и исто така поседува погон на сите тркала. Кај него спринтот трае само една секунда подолго.

Долг досег благодарение на ефикасна погонска техника и нова батериска технологија

Електромоторот, менувачот и трафо-секцијата на BMW iX се вградени во заедничко куќиште. Компактната конструкција е добра и за ефикасноста. Просечната потрошувачка на BMW iX xDrive50 е пониска од 21,0 kWh на сто километри, односно 20,0 kWh на сто километри за BMW iX xDrive40.

Батеријата е дел од петтата генерација електричен погон на BMW, исто како трафо-секцијата и техниката за полнење. Таа е составен дел од каросеријата и се наоѓа ниско во подот. Енергетската густина е зголемена за 20 проценти во споредба со 4-та генерација батерии. Големината на батеријата во iX xDrive50 е над 100 kWh бруто, односно над 70 kWh во изведбата iX xDrive40. Досегот соодветно изнесува над 600, односно 400 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos

При користење полнач со 200 kW, за десет минути се полни доволно енергија за 120 колометри пат – тоа важи за BMW iX xDrive50. Кај послабиот модел, може да се полни максимално со 150 kW, при што за десет минути се обезбедува енергија за уште 90 километри. Кај двата модели, за помалку од 40 минути се постигнува наполнетост на батеријата од 80 проценти.

Дел од BMW iX се и можните компјутери, кои во единица време обработуваат 20-кратно поголем волумен на податоци. Тоа овозможува нови функции во автопилотираното возење, како и користење нови дигитални услуги за време на возењето. Користење 5G стандард за мобилен пренос на податоци исто така се подразбира.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>> BMW iX & BMW i4 ќе се произведуваат со зелена струја од минхенската „Матка“