Салонот на автомобили во Шангај ќе се одржува меѓу 21-ви и 28-ми април. Големиот автомобилски настан во Кина уште сега ветува дека ќе донесе многу возбуда и изненадувања. Toyota ќе претстави електричен СУВ.

Toyota најави премиера на електричен СУВ-модел на салонот во Шангај. Уште отсуствуваат повеќе детали околу моделот. Јапонскиот производител само најавува дека станува збор за СУВ од средна класа. Тоа значи дека треба да се очекува СУВ со големина на RAV4, кој ќе користи само електричен погон. Со овој модел, Toyota ќе цели кон конкурентските Volkswagen ID4 и Nissan Ariya.

Моделот чиешто име светот ќе го дознае на салонот во Шангај е првиот модел на Toyota што ќе биде конструиран врз платформата e-TNGA. Станува збор за модуларна основа што е развиена само за електрични возила. Модуларноста во овој случај досега дотаму што јапонскиот производител ќе може врз основа на платформата e-TNGA да развива модели со преден или заден погон, како и со погон на сите тркала. Сосем е извесно дека покрај новиот СУВ на струја ќе се понудат по еден поголем и помал модел врз истата платформа.

Toyota ќе пушти електричен СУВ покрај RAV4

На сцената веќе се појавија рендери кои го нагаѓаат изгледот на електирчниот СУВ, па дури и на една официјална слика од Toyota можеше да се видат контурите на новиот модел. Тоа сепак нема да биде прв електричен СУВ на Toyota. Јапонскиот прозиводител веќе извесно време продава електрична верзија на кросоверот C-HR во Кина, во соработка со GAC. Во претходните две генерации на RAV4, Toyota исто така нудеше електрична верзија на моделот, главно за пазарот во САД. Новиот електричен СУВ може да се очекува на европскиот пазар уште во текот на годинава.

Претстојат уште неколку големи новини од Toyota. Во текот на неделава ќе биде прикажан X Prologue, како студиски автомобил од којшто веројатно ќе произлезе наследникот на Aygo.

Toyota GR Supra со серија во чест на патеката Харама